Покрај директната продажба која се врши преку филијалите на Винер Осигурување, постојат и други канали за проджба на осигурителните продукти и тоа:

ДРУШТВА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ

Друштвата за застапување се друштва овластени да вршат продажба на осигурителни продукти од само една компанија.

АГЕНТИ

Агентите се физички лица овластени да вршат продажба на осигурителни продукти врз основа на договор склучен со осигурителна компанија.

БРОКЕРСКИ ДРУШТВА

Брокерските друштва се друштва овластени да вршат продажба на осигурителни продукти од сите компании.

ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ

Туристичките агенции имаат право да продаваат патничко осигурување врз основа на лиценцата со која се регистрирани како туристички агенции.

БАНКИ

Банките исто така имаат право да вршат работи од областа на застапувањето во осигурувањето.

TOP