Narasanov-2Господин Зоран Нарашанов е доктор по економски науки кој претходно магистрираше во областа на индустриско инжинерство и менаџмент. Својата кариера ја гради работејќи и раководејќи широк спектар на проекти во рамките на Програмата за развој при Обединетите Нации и Светската Банка.

Во осигурителниот сектор, господин Нарашанов се вклучува во менаџерскиот тим на Кјуби Македонија, каде успешно ги спроведе комплексните програми за централизација и подобрување на ефикасноста и профитноста на компанијата. Својата кариера ја продолжува како Главен Директор за човечки ресурси и право во АД Македонски Телекомуникации, придонесувајќи во развојот на повеќе програми од областа на човечките ресурси кои резултираа со импресивни деловни резултати и интензивно зајакнување на корпоративната култура на компанијата.

Следниот предизвик, г-дин Нарашанов го наоѓа во позицијата Генерален Директор и Претседател на Управниот одбор на Сигма АД – Скопје, каде воведувајќи целосно нова деловна филозофија успева во мошне краток временски период драстично да ги подобри резултатите на компанијата. Овие резултати се забележани од страна на менаџментот на Виена Иншуренс Груп, на чие задоволство г-дин Нарашанов останува Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор на ребрендираната осигурителна компанија ВИНЕР - Виена Иншуренс-Груп. Во 2016 г-дин Нарашанов уште еднаш ја добива довербата на менаџментот на ВИГ, и го започнува својот трет мандат како прв човек на Винер.

Г-дин Нарашанов зад себе го има искуството на Претседател на УО на Националното биро за осигурување, член на Управниот одбор на Агенцијата за вработување на Република Македонија, член на Извршниот одбор на Македонската асоцијација за Човечки ресурси и член на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија. Во биографијата на г-динот Нарашанов вреди да се забележи и неговата менторска улога во рамки на Top class програмата на Центарот за развој на претприемачи и менаџери (Centar for Enterpreneurship and Executive Development – CEED) каде има можност да го подели своето искуство со младите претприемачи и со тоа да им помогне во нивното изградување како идни надежни менаџери. Г-дин Нарашанов е дел од тимот на идни лидери на ВИГ преку програмата Leadership Development Program.

Во моментов г-дин Нарашанов е Претседател на Европската Бизнис Асоцијација на Македонија, член на Управниот одбор на Здружението на осигурувачи при Стопанската комора на РМ, член на Управниот одбор на Националното биро за осигурување, член на Надзорниот одбор на Македонско Израелската Бизнис комора, член на Македонско Германското Стопанско здружение, член на Македонско Австриската Бизнис Асоцијација, член на Ротари клубот и основач на Хуманитарната организација „Мајка Тереза“ – Скопје. Воедно е и професор на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје.

Професионалната кариера ја започна во 2008 година во Македонски Телеком АД Скопје, каде што работи како Аналитичар во областа за истражување и унапредување на пазарот, особено во доменот на материјално - финансиско работење.
Од 2011 година, Г-ѓа Серафимова својата кариера ја продолжува во ВИНЕР во Секторот за финансии и сметководство. Во 2013 година на конкурс како дел од мобилити програмата, е избрана да престојува и работи во Виена, Австрија во дирекцијата на Виена иншуренс груп во секторот за корпоративно сметководство за период од 5 месеци. Од 2012 година, до стапување на функцијата - член на Управниот одбор ја врши функцијата - Менаџер за корпоративно известување, контролинг и ризик менаџмент во Друштвото, со посебен акцент на   вршење на длабинска анализа, контрола на сметководствено, материјално - финансиско работење и подготовка на корпоративни извештаи за потребите на Друштвото, за потребите на ВИГ Групацијата како и контрола на усогласеноста на извештаите од доменот на финансиите за државните институции во и надвор од државата.

Г-ѓа Серафимова е дипломиран инженер по математичка економија  на Институтот за математика - Применета математика при Природно-математичкиот факултет на  Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”  во Скопје.

Господин Зенку cвоето работно искуство го започнува во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, каде работи 8 години. Потоа се посветува на адвокатурата и работи во aдвокатска канцеларија во Кичево до 2003 година, кога се префрла во осигурителната компанија АД Сигма – Скопје, каде е назначен за одговорен на филијалата во Кичево, а подоцна и за член на Управниот одбор. И по ребрендирањето во ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп во октомври 2009, г-динот Зенку продолжува со своите одговорности во компанијата.

Господин Зенку е дипломиран правник.

Изјава на Управниот одбор

Се обврзуваме да го посветиме сиот наш личен и професионален капацитет за доброто на нашите клиенти, водејќи се според највисоките деловни стандарди во осигурувањето. Во таа наша мисија, двигател ќе ни биде одговорноста со која нè обврзува довербата на клиентите, а нашите морални начела ќе бидат залог за нашата посветеност.

Управен одбор на
Винер - Виена Иншуренс Груп

TOP