2009 година е една од најзначајните години до сега во осигурителниот бизнис во Република Македонија. Реномираната осигурителна корпорација во Централна и Југоисточна Европа, Wiener Städtische – Vienna Insurance Group (VIG), откупи 100% акциите на Сигма осигурување. Корпорацијата својата традиција ја темели на 180 години успешно работење, со преку 20 милиони задоволни осигуреници, присутна во 23 земји, претставува синоним на стабилност, сигурност и просперитет.
Со појавувањето на новото име на осигурителниот пазар во Македонија се отвори простор за засилување на конкуренцијата по пат на продор на една позната осигурителна групација чија цел е подигнување на свеста за потребата од осигурување. Од друга страна, како основна нејзина цел е обезбедување на најквалитетни услуги по европски терк по најприфатливи цени за осигурениците прилагодени на нашиот стандард и услови на живеење.
Согласно својата стратегија за ребрендирање и реорганизација, од 20.10.2009 година се појави ново име на осигурителниот пазар во Македонија – Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР-Виена Иншуренс Груп, дел од големото семејство на Vienna Insurance Group. Со тоа еден проверен систем на вредности станува реалност и кај нас. Систем што функционира беспрекорно, систем што дава резултати, систем со беспрекорна репутација, магнет за вистински, сериозни и задоволни клиенти.
Новиот имиџ на компанијата, под закрила на осигурителниот гигант во регионот, зајакната со искусни и докажани професионалци кои добро го знаат она што го работат, е едноставен – да бидеме број еден осигурителна компанија во Македонија.
Сигурноста на имотот, капиталот, дејноста и здравјето на граѓаните, претпријатијата и институциите во Република Македонија преставува наш императив. Преку подигнување на јавната свест за потребата од осигурување и беспрекорната реосигурителна програма во целост ќе придонесеме кон обезбедување на Вашата безбедност и стабилност, Вашето спокојство.
Назад на насловна страна