Историја

• Сигма осигурување е Акционерското друштво основано во Република Македонија во 2002 година. Со активна работа започнува во 2003-та година. Со својот скромен стручен капацитет врши работи на осигурување во област на неживотното осигурување од задолжителен карактер.

• Не можејќи да се снајде и опстане на турбулентниот софистициран осигурителен пазар компанијата влегува во стратешко партнерство во втората половина на 2007-ма со финансиската коорпорација TBIH, која е во доминантна сопственост на ЊС.

• Со комплетната промена на топ менаџментот на почетокот на 2008-ма се започнува структна реорганизација насочена кон подобрување на сите сегменти на компанијата и резултатите веќе таа година беа исклучителни. Компанијата со својот нов начин на работа, потпрен на чесност, посветеност, знаење и ефикасност со неверојатна брзина ги елиминираше и расчистуваше наталожените проблеми од минатото создавајќи профит и евидентен деловен потенцијал.

• 2009та година продолжува континуирано прогресот на Друштвото и со структурата на премијата и осигурителниот портфел веќе се препознаваше како сериозен потенцијал на македонскиот осигурителен пазар. Сосема очекувано реномираната австриска осигурителна корпорација Wiener Stadtische Vesicherung AG Vienna купува 100% од акциите на Друштвото во мај 2009та.

• Со ова Друштвото станува дел од моќната осигурителна групација, особено доминантна во Централна и Источна Европа - Vienna Insurance Group. Со промените во сопственичката структура, неминовно беше затварање на минатото и создавање на нов македонски осгурителен бренд ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп, со кој Групацијата и во иднина ќе продолжи да го освојува македонскиот осигурителен пазар станувајќи синоним за квалитет, сигурност, безбедност и стабилност.


Назад на насловна страна