Нашата стратегија

ВИНЕР-Виена Иншуренс Груп има за цел да реализира долгорочен одржлив пораст и развој. Во овој поглед, ги имаме поставено следниве цели: постигнување на водечка положба и стабилно ширење на нашите осигурителни активности во Република Македонија.

Имаме должност и обврска кон нашите нови сопственици за продолжување на традицијата, која ќе ја реализираме по пат на креирање на соодветна база на клиенти за кои нашето име е знак за сигурен и мирен сон.

Главен фокус на нашата стратегија се вистинските луѓе, кои на чесен начин сакаат да обезбедат компензација за напорната работа што за нас значи компетентна и мобилна работна сила подготвена за брзи и флексибилни решенија.

Нашиот бизнис модел е јасен и едноставен. Знаеме како да го искоритиме потенцијалот на пазарот, да создадеме развиена и силна продажна мрежа и спектар на атрактивни, алтернативни дистрибутивни канали за продор на нашите продукти за обезбедување конти-нуиран развој и раст на групацијата како на постоечките, така и на нови пазари. Сето тоа го правиме за една единствена цел, задоволството на нашите клиенти! Задоволувајќи ги нивните деловни потреби со иновативност во понудените продукти, обезбедуваме трајни вредности и врски.

Внимателното, за некои таканареченото конзервативно управување со ризикот не направи супериорно стабилни во овие турбулентни времиња на глобална криза.

Една компанија не може да биде целосно задоволна, бидејќи секогаш има простор за повеќе и подобро. Ние тоа најдобро го знаеме и работиме да бидеме подобри.

Не сме совршени, ама научивме како совршено да ја работиме својата работа за максимална сигурност и безбедност на големо задоволство на нашите клиенти.

Нашите приниципи се едноставни:

1. Добро развиена продажна мрежа на територијата на цела Македонија, со искусен локален менаџмент, кој може најдобро и најбрзо да ги препознае и излезе во пресрет на потребите на осигурениците. Континуирано инвестираме во долгорочните релации со нашите осигуреници преку лојално служење на нивните потреби со транспарентнио и чесно работење.

2. Создаваме вистински тим за новиот лидер на осигурителниот пазар. Ние веруваме во капацитетот на нашите луѓе, а во центарот на нашето внимание се секогаш луѓето - нашите клиенти. Со создавањето на одржливи вредности за Винер, ние создаваме стабилност и сигурност за нашите клиенти, соработници, вработени и акционери. Искусни и чесни професионалци во осигурителниот бизнис секогаш ќе имаат место во нашата компанија, а за младите луѓе сме дестинација за стабилна кариера и професионален развој, бидејќи зад нив стои силен тим за поддршка на секој нивен чекор.

3. Имаме силна финансиска моќ која е ориентирана кон одржлив раст, моќ која се темели на искуство, резултати, работа, стабилност и знаење. Одговорно и брзо ги исполнуваме обврските кон нашите клиенти со ефикасно и експресно решавање на оштетните побарувања. Тоа дополнително го обезбедуваме преку нашата реосигурителна компанија ВИГ Ре која поседува кредитен рејтинг “А+” (Standard & Poor’s) со што исчезнува било каков ризик за наши клиенти кои со нас се неограничено безбедни.

4. Ние знаеме како да дојдеме до најдобрите решенија. Нудиме на осигуреникот реални и флексибилни решенија, прилагодени на приватните и деловните потреби. Ние сме синоним за услуга и задоволство, за чесност и брзина, за долгорочна синергија со нашите задоволни клиенти. Овие едноставни приниципи се препознатливи за нашите осигуреници. Заедно градиме сериозно, стабилно осигурително портфолио со задоволни клиенти како долгорочна стратегиска цел. Приемот во осигурување со контролиран опфат на ризиците и строгото третирање на трошоците влијаеше позитивно на профитабилноста и создадовме систем кој е спремен да одговори на сите предизвици на конкуренцијата и на пазарните услови. Користејќи ги познатите и веќе испробани методи и начини на работа ширум Европа на нашите нови сопственици, во комбинација со нашето искуство и познавањето на условите во Македонија како во изминатиот период така и сега, се клучниот фактор за неизбежен успех во остварувањето на нашите цели – добри резултати на компанијата и задоволни клиенти.


Назад на насловна страна