Измените во дадената тарифа се однесува на сите задолжителни осигурувања на лица од последици на несреќен случај, кои се предвидени во Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, а се усогласени согласно новиот Закон за задолжително осигурување објавен во Сл.весник бр.88 од 19 Октомври 2005 година.
Осигурувањата од став 1 се сметаат за задолжителни и договорни осигурувања.
Условите за осигурување лица од последици на несреќен случај се составен дел на Договорот за задолжително осигурување на патници во јавниот сообраќај.
Минимални суми за еден патник се:
- 4.500 ЕУР во случај на смрт;
- 9.000 ЕУР во случај на трајно губење на општата работна способност;
- 2.200 ЕУР во случај на преодна неспособност за работа и нужни трошоци за лекување. Тарифата за пресметка на премијата е следната:
- За патници во железничкиот јавен превоз 0,2% од превозната цена;
- За патници во речен и езерски јавен превоз 0,15% од превозната цена;
- За патници во автобуски јавен превоз 0,20% од превозната цена;
- За патници во градски јавен превоз 0,15% од превозната цена;
- За патници на жичари и качувалки 0,10% од превозната цена;
- За патници во јавен воздушен сообраќај 0,0037268 ЕУР за еден патнички километар, пресметан во денарска противвредност по средниот курс на НБРМ на денот на плаќањето;
Посебни одредби
Задолжителното осигурување на патници во јавниот превоз од последици на несреќен случај се спроведува согласно одредбите од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот и Условите за осигурување на лица од последици на несреќен случај.
Кај осигурување на патници и работници за кои во оваа Тарифа се одредени премиите согласно бројот на регистрирани места, во колку во моментот на настанувањето на осигурен случај се најдат повеќе патници од бројот на регистрирани места, осигурените суми нема да се намалуваат.
Осигурените суми од оваа тарифа се сметаат за минимални, пресметани во денарска противредност по курсот на НБРМ на денот на уплатата.
Ако во текот на календарската година дојде до зголемување на превозната цена на патниците за 5% и повеќе, а тоа зголемување влијае на деловниот резултат, Управниот одбор ќе превземе мерки и ќе донесе Одлука за зголемување на осигурените суми или намалување на премиските стапки од дадената тарифа.
За повеќе информации околу овој производ контактирајте нe.
Назад на насловна страна