Осигурувањето стоки во домашен транспорт опфаќа осигурување на сите пратки на стоки кои се превезуваат со туѓи или сопствени средства на ризик на осигуреникот, на територијата на Република Македонија. Предмет на осигурување се штети причинети на стоката при:
- - Сообраќајна незгода на превозното средтсво
- - Пожар или експлозија од вонредни надворешни причини
- - Елементарна непогода
- - Кражба
- - Оштетување на осигурените пратки за време на транспорт (вклучувајќи и натовар и претовар);
- - Оштетување на осигурените пратки за време на транспорт (вклучувајќи и натовар и претовар);
- - Оштетување на амбалажата, и др.
Осигурувањето стоки во меѓународен транспорт опфаќа осигурување за сите клиенти кои се занимаваат со увоз или извоз на стоки, покритие на пратките кои патуваат на ризик на осигуреникот, од местото на натовар до местото на растовар.
Со осигурувањето од одговорност на превозникот (ЦМР), осигуреникот ја осигурува својата одговорност како превозник спрема корисниците на превозот за докажана делумна или целосна загуба, оштетување или задоцнување на пратките во домашен и меѓународен превоз, превземени на превоз со товарен лист или договор.
Назад на насловна страна