Кариера во Винер

Се стремиме да привлечеме, развиеме, мотивираме и задржиме кај себе исклучителните луѓе, покажувајќи почит кон нивната работа и резултати. Веруваме во лична иницијатива, одговорност и тимска работа. Континуирано бараме чесни и вредни луѓе кои се посветени на работата. За тоа овозможуваме конкурентен систем на наградување и континуирана надградба, едукација и кариера во ВИНЕР и во рамките на интернационалниот развој во VIENNA INSURANCE GROUP.

Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје е компанија со одличен спој на младост и искуство, каде 100% сопственик е реномираната австриска осигурителна компанија Wiener Stadtische Versicherung AG и која работи во состав на најголемата осигурителна групација во Централна и Источна Европа Vienna Insurance Group. Ние сме Друштво кое е во постојан раст и во скора иднина ќе биде едно од водечките осигурителни друштва на пазарот во Република Македонија и затоа им нудиме одлични услови за успешна кариера во својата продажна мрежа за сите чесни и вредни луѓе кои се посветени на својата работа.

Продажната мрежа на ВИНЕР Осигурување се состои од подружници распоредени на целата територија на Република Македонија како и од мрежа на Застапници во осигурување кои работат во склопот на подружниците и се подвижната сила на Друштвото. Токму така и се започнува кариерата во ВИНЕР Осигурување, преку договор за Застапник во осигурување како надворешен соработник кој непосредно на терен треба да ги продава продуктите на Друштвото и да биде неговото лицето.

Бидејќи станува збор за исклучително важен дел од работата на Друштвото, ние во ВИНЕР Осигурување сме посветени на голема грижа и работа токму со оваа група на соработници на кои во текот на својата работа им нудиме програми за обука и дообука во делот на продажбата на осигурување (преку обуки и семинари) како и секаква друга помош од страна на стручните служби кои работат во составот на Друштвото.

За оние Застапници во осигурувањето кои ќе бидат исклучително успешни во својата работа се отвара и нова можност за вработување во Друштвото и тоа пред се како Менаџери на подружници каде би имале можност уште повеќе да ја докажат својата успешност и да развиваат сопствена продажна мрежа а воедно и да менаџираат со целокупната работа на подружницата.

ЗАСТАПНИК ВО ОСИГУРУВАЊЕ

следните карактеристики се задолжителни за застапник во осигурување:

  • - Средна стручна спрема;
  • - Познавање на работа во Microsoft office;
  • - Чесност, амбициозност и комуникативност;
  • - Лична иницијатива, одговорност и тимска работа;
  • - Ефикасност и упорност;
  • - Познавање на локалната средина;
  • - Подготвеност за учење и работа;
  • - Подготвеност за работа на терен и секојдневно докажување;

 

одговорности на Застапникот во осигурувањето:

  • - Развивање и продажба на сите видови на осигурување кои се дел од продажната палета на друштвото;
  • - Придобивање на нови клиенти и одржување на однос со постојните клиенти;
  • - Подготовка на понуди за клиенти;
  • - Наплата на полисираната премија;
  • - Тимска работа;
  • - Негување на добри меѓучовечки односи со луѓето од продажната мрежа на Друштвото и со клиентите;
  • - Доследно исполнување на плановите за проджба и превземените обврски;
  • - Пратење на работата на конкуренцијта;

 

можеме да Ви понудиме:

  • - Договор за застапник во осигурување (како надворешен соработник);
  • - Тренинг и обука;
  • - Секојдневно усовршување и стекнување на нови знаења и искуства;
  • - Загарантирана заработувачка согласно договорот за застапник во осигурување за секоја продадена и наплатена полиса;
  • - Добро организирана работна средина;
  • - Можност за брз и перманентен напредок во кариерата.

 

Доколку сте заинтересирани да работите во работна средина каде се нагрдуваат трудот, чесноста и посветеноста на работа, каде тимскиот дух еден од главните предуслови за работа и каде ќе имате можност да се развиете и надградите во професионален аспект Ве повикуваме да го пополните барањето (линк од барањето) и да го испратите на e-mail адресата winner@winner.mk или по пошта на адреса Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 28/1, Скопје.


Назад на насловна страна