Wiener Städtische - Vienna Insurance Group (Виена Осигурителна Групација) е една од водечките осигурителни групации во Европа, со повеќе од 180 години работно искуство во сферата на животното и неживотното осигурување. Во групацијата има 50 осигурителни друштва, со приближно 23.000 вработени кои делуваат во 23 земји.
Осигурителните друштва на Vienna Insurance Group обезбедуваат квалитетни осигурител-ни услуги во областа на животно и неживотно осигурување, со иновативни решенија за осигурување во сите области од осигурувањето, обезбедувајќи одлични услуги за клиентите.
Продолжувајќи го својот модел на успех, Виена Осигурителна Групација ја следи стратегијата на влез во селектирани компании со потенцијал на пазари во нови земји во Централна и Источна Европа (ЦИЕ), каде со години е најдобрата осигурителна компанија.
Vienna Insurance Group (VIG) како моќна финансиска институција ги препознава пазарите во ЦИЕ и продолжува со постојан развој на истите. Гледајќи ги предностите за раст, VIG (Виена Осигурителна Групација) се позиционира и во Македонија, каде е сопственик на 100% од акциите на ВИНЕР Осигурување.
Присуството на Виена Осигурителна Групација во повеќе од 23 држави во Централна и Источна Европа (ЦИЕ) ја прават да биде јадро на сигурност и доверба на преку 23 милиони осигуреници, со осигурителна премија од осум (8) милијарди евра во 2008 година.
Компанијата според Standard & Poor’s е рангирана со “А+”, што е показател на моќта, стабилноста и безбедноста.
Виена Осигурителна Група е:
- - Најголемата осигурителна група која работи во ЦИЕ
- - Фокусирана кон стабилен и долгорочен раст и развој
- - Успешна во примената на мулти-бренд стратегија со фокус на локален менаџмент
- - Конзервативна со управување на ризик што ја прави стабилна особено во овие турбулентни времиња на глобална криза

Назад на насловна страна