Упатство во случај на штета

Ова упатство ќе ви послужи како да постапите во случај да претрпите штета.

Имено, со оглед на тоа дека постојат ралични видови осигурувања, постојат и различни видови штети.

 

1) Пријава на штета МОТОРНИ ВОЗИЛА:

Во случај на сообраќајна незгода веднаш преземете мерки за обебедување на местото на незгодата, и задолжително повикајте полиција поради извршување на увид во следните случаи:

Во случај кога има повредени или загинати лица

  • - Во случај да во сообраќајната незгода едно од учесниците е странско возило.
  • - Во случај кога еден од учесниците во сообраќајната незгода управувал нерегистрирано возило, односно нема важечка полиса на осигурување.
  • - Во случај кога еден од учесниците во незгодата е под дејство на алкохол и други наркотични средства.
  • - Во случај кога еден од учесниците не поседува соодветна возачка дозвола.
  • - Во случај кога возилото да не е во возна состојба односно кога се оштетени виталните делови од возилото( систем за управување и систем за сопирање )
  • - Во случај кога учесниците во сообракајната незгода не се согласуваат околу околностите под кои е настаната незгодата.

 

Во сите останати случаеви кои што не се наведени во предходно наброените ве молиме поместете ги возилата од местата на незгодата за овозможување непречено одвивање на сообракајот, доколку се работи за мала материјална штета.

  • - Со другиот учесник заедно пополнете го Европскиот извештај на лице место кој задолжително треба да го имате во возилото
  • - Извештајот пополнете го точно и потпишете го
  • - Обезбедете ги податоците за возилото(регистарски број и марка на возило), име и презиме на учесникот со неговиот матчен број,бројот на полисата и периодот на важење, доколку има сведоци обезбедете изјава од нив(запишете ги нивните имиња и презимиња, адресата, и телефонскиот број)
  • - Веднаш или најкасно во рок од три дена пријавете ја штетата преку меил , пошта или лично со присуство на другиот учесник
  • - Штетата пријавете ја во најблиската наша канцеларија
  • - Одлучете каде ќе ја поправате колата
  • - Изберете сервис или дилер од листата која се наоѓа на нашата Веб страна
  • - До моментот на процена немојте да менувате и поправате на оштетеното возило
  • - Доколку се работи за неподвижно возило, јавете се на нашиот телефон (02) 3231 631 да се договори денот на извид и процена
  •  Пријава на штета авто каско (превземи *доц, *пдф)
  •  Пријава на штета од автомобилска одговорност (превземи *доц, *пдф)

 

2) Пријава на штета НЕЗГОДА;

  • o Несреќен случај
  • - Во случај на повреда од несреќен случај веднаш треба да се јавите на лекар поради преглед и констатирање на повредата
  • - Задолжително е потребно е да се придржувате кон лекарските совети
  • - Штетата можете да ја пријавите веднаш или најдоцна со завршување на лечењето
  • - Медицинска документација од денот на повредата до завршување на лечењето
  • - Доказ за настанатат повреда (Записник од МВР, повредна листа од работа, изјава од сведоци)
  • - Доколку несреќата е на возач учесник во сообраќајната незгода копија од возачка дозвола
  • - Копија од трансакциона сметка
  • - потврда - доказ за вработеност, односно дека повредениот е редовен ученик или студент

 

  • o Во случај на СМРТ;
  • - Пријава за штета
  • - Доказ од матична книга на родени
  • - Доказ за настаната смрт
  • - Докази согласно законот за налследство ( извод од книгата на венчани и родени – за децата)
  • - Доколку смрта е настаната на возач при сообраќајна незгода како доказ потребна возачка дозвола и извештај за алкотестирање
  • - Копија од трансакциска сметка

 

  • o Кај осигурувањето на тешки болести и хирушки интервенции;
  • - комплетна оргинална медицинска документација
  • - копие од здравствениот картон заверен на секоја страна од здравствената организација
  • - фотокопие од трансакциона сметка
  • - останата документација на барање на Винер

 

  • o Патничко осигурување;
  • Во случај на настанување на штета по овој вид на осигурување задолжително да се јавите во асистенската куќа и да постапувате согласно инструкциите кои тие ќе ви ги наведат. Доколку трошоците сами сте си ги поднеле, штетата мора да ја пријавите во рок од 3 дена од денот кога сте се вратиле во земјата, со што ќе ги доставите сите оригинални докази
  • - пријава за штета
  • - копија од пасош
  • - комплетна медицинска документација
  • - фактура за платените трошоци за лекување
  • - копија од трансакциона сметка
  • - доколку е несреќен случај доказ од полиција
  • - доколку е смрт доказ за настанување на смрта
  • - дополнителна документација доколку е потребна
  •  Пријава на штета за индивидуална и колективна незгода
  •  Пријава на штета за болест
  •  Пријава на штета за хирушка интервенција
  •  Пријава на штета – патничко осигурување

  • 3) Пријава на штета ИМОТИ

    Во случај на штета на вашиот имот ве молиме да ги почитувате подолу наведените насоки со цел брзо и квалитено да ја решиме штетата.

    • - Превземете мерки да штетата ја намалите
    • - Веднаш или најдоцна во рок од 3 дена штетата пријавете и пополнете ја пријавата целосно со посебен осврт на оштетувањата.
    • - Не превземајте дејства за остранување на штетата до моментот на доаѓање на проценителот
    • - Во случај на пожар повикајте против пожарна служба и пријавете во полиција
    • - Во случај на пожар, експлозија, кражба доставете записник од полиција и на проценителот доставете сметководствена евиденција, аналитичка картица од денот на пожарот со комплетни влезни фактури
    • - Направете попис на спасените работи
    • - Во случај на излевање на вода направете попис на спасените работи
    • - Во случај на кршење на машини – задолжително извид од овластен проценител од осигурителната компанија или по нејзин налог овластено лице
    • - Доказ за редовно сервисирање и одржување на опремата
    • - Доказ за извршената дефектажа – диaгностички лист
    • - Фактура за набавка на делот или опремата кога е набавена опремата (оштетениот дел)
    • - Фактура за поправка на опремата (делот) со спецификација
    • - Делот кој е за замена не го уништувајте се до моментот на затварање на штетата

    •  Пријава на штета од кршење на машини
    •  Пријава на штета од кражба
    •  Пријава на штета од пожар
    •  Пријава на штета кршење стакло

 


Назад на насловна страна