АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

Полисата за автоодговорност е всушност полисата која мора да ја извадите за да го регистрирате Вашето возило за учество во сообраќајот. Со оваа полиса одите на технички преглед и врз основа на неа и на техничкиот преглед добивате печат на сообраќајната кој е потврда дека возилото е регистрирано.

Инаку, со ова осигурување се осигурува одговорноста на сопственикот, односно корисникот на моторното возило за штетите кои ќе ги причини на трети лица со користење на возилото. Со извадена полиса во Винер Осигурување, нашата компанија наместо Вас ќе ги надомести сите материјални и нематеријални штети кои ќе ги нанесете на трети лица, поради сопствена грешка, со што сте заштитени од трошоците за надомест на штетата на оштетениот.

Предмет на осигурувањето од автоодговорност можат да бидат и патниците во возилото со кое управувате, како и стаклата на истото.

За да изработиме полиса за Автоодговорност, потребни ни се податоците од сообраќајната дозвола на возилото (регистерски таблички, боја, гориво, тип и модел). Доколку станува збор за возило кое за прв пат се регистрира (ново возило од салон или увезено), потребна ни е фактура или хомологација / потврда за сообразност од која можат да се видат податоците на возилото. За било која промена во податоците на договорувачот на осигурувањето или на осигуреникот / сопственикот на возилото (адреса на живеење и сл.) исто така треба да се информира осигурителната компанија при вадење на полисата.

Цената на полисата за автоодговорност зависи од силината на моторот кај патничките и од носивоста во тони кај товарните возила, како и од Вашиот избор дали дополнително ќе ги осигурате патниците и стаклата во автомобилот. На осигуреникот му следува попуст (бонус) за секоја година во која со возилото не бил причинител на штета.

A. Кога штетата се пријавува врз основа на Европски извештај

  • Пријава на штета/барање за надомест на штета
  • Целосно пополнет Европски записник и потпишан од страна на оштетениот и причинителот
  • Фотокопија од возачка дозвола од причинителот и оштетениот
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола на причинителот и оштетениот
  • Осигурително покритие на полисите од причинителот и оштетениот (фотокопии од полисите)
  • Трансакциска сметка од оштетениот / жиро сметка за правни лица (материјален доказ)
  • Комисики записник-документ за проценка на штета потпишан од оштетениот и од проценителот
  • Слики од реконструкција на оштетените возила
  • Изјави од двајцата учесници за начин на случување на незгодата
  • Изјава за функционер
  • Документи за поправено возило – фактура

 

Б. Кога штетата се пријавува врз основа на полициски записник

  • Пријава на штета/барање за надомест на штета
  • Полициски записник и скица од увид- задолжително
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола
  • Фотокопија од возачка дозвола
  • Трансакциска сметка од оштетениот (материјален доказ)
  • Жиро сметка за правни лица како оштетен
  • Осигурително покритие на полисата
  • Комисиски записник-документ за процена на оштетувањата потпишан од проценителот и од оштетениот,
  • Слики од оштетеното возило
  • Изјава за функционер
  • Документација за поправено возило – фактури.

ТЕКОВНА ПРОМОЦИЈА

Доколку ја извадите вашата полиса во Винер, добивате вреден подарок за Вашиот автомобил!

Изберете еден од многуте подароци за Вашето возило кои Винер ги подготви за Вас: држач за мобилен, полнач за телефон за во кола, силиконски спреј за шалт табла, перниче за патување, освежувачи, течност за бришачи и други подароци.

УСЛУГА СО ЕДЕН КЛИК

Facebook

Viber

Skype

Достапен подарок со полисата: Држач за мобилен, одмрзнувач за стакла, гребалка за мраз

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP