ЦМР

Осигурувањето ЦМР е специјално креирано за нашите осигуреници кои се бават со извршување на транспорт, со обезбедени оптимални покритија од ризици и суми на осигурување кои одговараат на потребите и можностите на транспортерите. Со овој тип осигурување е осигурена одговорноста на превозникот за примената стока за превоз во патен сообраќај. Винер ви нуди три вида на ЦМР осигурување според намената – за превозникот, за организаторот на транспорт и пакетот ЦМР Плус. Подолу можете да ги видите ризиците од кои ве штити ова осигурување.

Покриени ризици:

  • Сообраќајна незгода (превртување, судар, удар, лизгање, уривање и сл)
  • Пожар, експлозија (освен самозапалување или експлозија на товарот)
  • Штети како последица на утовар истовар (само за специјални возила) и ако утоварот и истоварот го врши возачот лично
  • Ризик кражба, провална кражба со задолжителна франшиза од 20% во секој штетен настан, согласно законска и подзаконска регулатива.

+  Можност на едно  ВЛЕЧНО  возило да се приклучат повеќе приколки (полуприколки).

ВИНЕР Осигурување во основната премија  вклучи и расипување на стоката предизвикано од расипување  на Термокингот (СЕРВИСИРАН) со  вграден уреден термограф.

ПАКЕТ ЦМР ПЛУС

Со намера да се излезе во пресрет на сите барања на превозниците, подготвивме уште еден пакет на ЦМР осигурување, со кој е опфатен дополнителниот ризик - оштетување на делот од возилото наменет за товар, настанат од самата стока која што е предмет на превоз.

Покриени ризици - оштетување на церада, елементи на кутијата на возилото, конструкција за церада, и кутија на возилото, сендвич панели на ладилник, исталации во товарен дел при манифестиран транспортен ризик: 

- сообраќајна незгода или нејзино избегнување
- превртување, изместување на товар, палета, сноп или сл.
- истекување на хемикалии, течности, масла

За да изработиме полиса за транспорт потребно е осигуреникот да се изјасни за висината на осигурителното покритие (сума на осигурување) и да достави информација во врска со видот на камионот.

Цената на полисата зависи од висината на сумата на осигурување и од видот на камионот.

Упатство за пријава на штета

  • Осигуреникот е должен во случај на штета да ги преземе следните дејствија:
  • Веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, на најбрз можен начин (телефон,телефакс, е-mail) да го извести осигурувачот за штетниот настан и истото писмено да го потврди
  • Видливите оштетувања да ги констатира веднаш со записник при приемот на пратката во присуство на превозникот и осигурувачот и по потреба да ангажира стручни лица од други организации, судски вештаци или контролни куќи
  • Оштетените предмети да ги смести во соодветни простории во зависност од пратката, а ако се работи за лесно расиплива стока веднаш да организира продажба во согласност со осигурувачот
  • Да преземе мерки за смалување на штетата и да го зачува регресното право на осигурувачот спрема одговорнитепричинители на штетата
  • Да ги преземе оштетените предмети
  • Да ги почитува упатствата на осигурувачот
  • Да дава ажурни и точни податоци за остварениот промет што е предмет на осигурување.

Потребни документи за прјава на штетата

Доколку превозот се врши со сопствени возила :

  •  Барање за надомест на штета
  • Доказ за осигурување – полиса за осигурување со во целост платена премија
  • Испратница (фактура) која се однесува на стоката која бил предмет на транспорт со уредно наведен датум и место на тргнување и релација на превозот за докажзување на сопственоста или евентуалната поврзаност на осигуреникот со стоката
  • М1 и М2 (КОПИЈА) од возачот на возилото за докажување дека истиот е уредно вработен кај осигуреникот
  • Собракајна дозвола (КОПИЈА) од возилото за докажување дека возилото е во сопственост на осигуреникот кое исто така мора да биде означено дека се користи за ЗА ПРЕВОЗ ЗА СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ
  • Уредно пополнет патен налог
  • Записник за Штета
  • Записник од орган на полиција ако се работи за штета од сообракајна незгода и кражба

 

Доколку превозот се врши со превозник со лиценца за домашен јавен превоз на стоки:

  •  Барање за надомест на штета
  • Доказ за осигурување – полиса за осигурување со во целост платена премија
  • Испратница (фактура) која се однесува на стоката која бил предмет на транспорт со уредно наведен датум и место на тргнување и релација на превозот за докажзување на сопственоста или евентуалната поврзаност на осигуреникот со стоката
  • Извод од лиценца (КОПИЈА) на превозникот
  • Уредно пополнет патен налог
  • Домашен Товарен Лист
  • Записник за Штета
  • Записник од орган на полиција ако се работи за штета од сообракајна незгода и кражба
  • Доставените документи треба да се во оригина

УСЛУГА СО ЕДЕН КЛИК

Facebook

Viber

Skype

20000 ЕУР

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP