Во Скопје – само во Дирекција.

Во другите градови низ Македонија – во било која од филијалите во градот.

Европски Записник не може да се пополни доколку едно од возилата не е во возна состојба, односно доколку му е повреден витален дел.

Доколку штетата е мала не мора да се повика полиција, но доколку се работи за голема штета тогаш неопходно е да се повика полиција.

Појдете повторно во полиција да ви издадат полициски записник, потврда или било кој друг документ од полиција кој ги содржи податоците на возилото – причинител.

Треба да поднесете пријава, пасош и оригинални фактури во која било филијала. Колегите кои ги обработуваат тој вид на незоди, ќе ја разгледаат пријавата и доставената документација и ќе ве известат во нај брз можен рок.

Појдете во сметководство, таму ќе ви издадат копија од полиса. Како и да е, потребна е потврда дека сте осигурани по таа полиса.

Доколку осигуреникот не пријавил штета во компанијата на причинителот, ние како негова осигурителна компанија можеме да изготвиме услужен записник, а дополнително оштетениот со негово писмено барање и целосна документација, по пошта, ќе си поднесе пријава во компанијата на причинителот.

 

Ако има КАСКО може да пријави штета во било која филијала но потребен му е полициски записник.

Мора да чека полиција согласно условите за КАСКО осигурување. Во КАСКО условите пишува дека “осигуреникот е должен сите штетни настани да ги пријави во државната институција (МВР)”.

Согласно условите за пријава на штета по основ на АО, двете возила е потребно да се сликаат односно да се изврши реконструкција како што се случила сообраќајната незгода и местоположбата на возилата да биде иста.

TOP