Дежурна филијала на Винер со работа до 19 часот

by / / настани и новости

 

Почнувајќи од понеделник, 12.06.2017 година, филијалата на Винер Осигурување на бул. Борис Трајковски бр. 165, веднаш до техничкиот сервис на ПСС ќе работи со продолжено работно време – од 08:00 до 19:00 часот секој работен ден, како и од 08:00 до 15:00 часот во саботите. На тој начин Винер ќе обезбеди услуга на клиентите со продолжено работно време, прилагодени на нивните работни обврски, со акцент на оние кои во регуларното работно време не се во можност да ги завршат обврските поврзани со осигурувањето.

Во продолжение можете да ја видите точната локација на оваа филијала на Винер Осигурување, а контакт со колегите во филијалата можете да остварите на телефонот 078/489-916.

 

 

  • Pin It
TOP