ДОБРОВОЛНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Ова осигурување е наменето за сите оние кои сакаат комплетна здравствена заштита и највисок квалитет на здравствена услуга за своите пари. Сите оние кои се дел од државниот Фонд за здравство, односно се здравствено осигурени, сега можат покрај во државните здравствени установи, да користат услуги и во приватните болници и ординации.

Доброволното здравствено осигурување овозможува користење здравствени услуги во приватни здравствени установи со кои Винер Осигурување има склучено договор за соработка. Станува збор за водечките приватни клинички болници и специјалистички здравствени установи (Систина, Ре-Медика, Медика Плус...) во кои нашите осигуреници можат да користат здравствени услуги, врз основа на полисата за доброволно здравствено осигурување и во согласност со условите на осигурувањето.

Во моментов Доброволното здравствено осигурување на Винер е достапно само за колективи, односно за компании и институции чии вработени групно ќе се осигураат со овој тип осигурување.

За изработка на полиса за доброволно осигурување од незгода потребно е да се достави заверен список на вработените кои ќе бидат опфатени со полисата. Во овој список потребно е да се наведат имињата и презимињата, како и матичните броеви на вработените кои се осигуруваат.

Цената на полисата за колективно осигрување од незгода зависи од избраниот пакет суми за осигурување. Постојат различни пакети и во секој од нив сумите на осигурување се разликуваат, со цел да може секој колектив да го избере покритието што најмногу му одговара. За подетални информации контактирајте нѐ е и добијте персонализирана понуда соодветна на потребите на Вашиот колектив.

Секој осигуреник добива специјална персонализирана картичка со негови податоци, со која во здравствената установа потврдува дека е осигурен во Винер. Напомена: пред користење на здравствените услуги, или уште подобро, по самото добивање на картичката, консултирајте се со лицето во Вашата компанија задолжено за осигурувањето, со цел да добиете точни информации кои услуги Ви се на располагање со полисата која ја склучила компанијата со Винер.

УСЛУГА СО ЕДЕН КЛИК

Facebook

Viber

Skype

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP