Тука ќе ги најдете формуларите за пријава на штета во Винер Осигурување, заедно со список на потребни документи и упатство за пријава на штетата. Изберете го типот на осигурување по кој треба да пријавите штета, и внимателно прочитајте кои документи се потребни освен пријавата. Пријавата можете да ја симнeте и да ја донесете пополнета со останатите документи кога ќе ја пријавувате штетата во Винер.

 

Потребни документи за пријава на штета

A. Кога штетата се пријавува врз основа на Европски извештај
  • Пријава на штета/барање за надомест на штета
  • Целосно пополнет Европски записник и потпишан од страна на оштетениот и причинителот
  • Фотокопија од возачка дозвола од причинителот и оштетениот
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола на причинителот и оштетениот
  • Осигурително покритие на полисите од причинителот и оштетениот (фотокопии од полисите)
  • Трансакциска сметка од оштетениот / жиро сметка за правни лица (материјален доказ)
  • Комисики записник-документ за проценка на штета потпишан од оштетениот и од проценителот
  • Слики од реконструкција на оштетените возила
  • Изјави од двајцата учесници за начин на случување на незгодата
  • Изјава за функционер
  • Документи за поправено возило – фактура
Б. Кога штетата се пријавува врз основа на полициски записник
  • Пријава на штета/барање за надомест на штета
  • Полициски записник и скица од увид- задолжително
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола
  • Фотокопија од возачка дозвола
  • Трансакциска сметка од оштетениот (материјален доказ)
  • Жиро сметка за правни лица како оштетен
  • Осигурително покритие на полисата
  • Комисиски записник-документ за процена на оштетувањата потпишан од проценителот и од оштетениот,
  • Слики од оштетеното возило
  • Изјава за функционер
  • Документација за поправено возило – фактури.

Потребни формулари за пријава на штета

  • Пријава за штета / барање за надомест на штета
  • Записник од МВР/службена белешка/доказ за извршено алкотестирање, европски записник доколку има со изјави и реконструкција
  • Фотокопија од возачка дозвола
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола
  • Трансакциска сметка / жиро сметка за правни лица
  • Осигурително покритие на полисата
  • Комисики записник за проценка на возилото
  • Слики од оштетеното возило
  • Документација за поправка на возилото-фактури
  • Изјава за начинот на случување на незгодата
  • Изјава за функционер

 Потребни документи за пријава на штетата

  • Оригинал / Копија од полисата (по претходна проверка за прифатена полиса)
  • Комплетно пополнета пријава со точен датум на пријава и задолжително пријавување по електронска пошта до одговорното лице
  • Копија од пасош со доказ за почеток на престојот во странство и доказ за враќање во Р. Македонија
  • Оригинална медицинска документација (извештај) со дијагноза и детален опис на медицинскиот третман,
  • Комплетна историја на болеста на пациентот со дневните обсервации од лекарот кој го лечел осигуреното лице и видот на препишаната терапија (лекови)
  • Оригинални фактури / потврди од третманот со печат и потпис на овластениот лекар или фармацевт
  • Званичен извештај од полицијата за видот на настанатиот несреќен случај, во случај кога повредата на осигуреникот е резултат на несреќен случај
  • Документ со службена потврда за причината за смртта, извештај на лекар за констатирана смрт
  • Целокупна останата документација потребна за пресметка на надоместот, во интерес на барање на осигурувачот.
  • Копија од трансакциона сметка со изјава дека лицето е согласно надоместот за пријавената штета да му се исплати на таа сметка

Потребни документи за пријава на штетата

  • Пријава на штета
  • Полиса (или број на полиса)
  • Документи за идентификација (за физички лица)
  • Документ за процена на штета
  • Записник од МВР  (по потреба)

Потребни документи за пријава на штетата

  • Пријава на штета
  • Полиса или број на полиса
  • Записник за обем на оштетувањата
  • Записник од хидрометеролошки завод
  • Други дополнителни документи

Потребни документи за пријава на штетата

  • Осигурување на лица од последици на несреќен случај-незгода
  • Целосно потполнета и потпишана пријава,
  • Потврда од работа со точно наведување на бројот на полиса по која е осигуреникот осигурен и пријавува штета (во случај да се пријавува штета од еден штетен настан по неколку полиси, потребно е да се достават исто толку потврди колку што ќе се пријават штети), доколку се приложи потврда на образец на договорувачот истата се прифаќа, во спротивно ќе се користи нашиот терк за потврда кој ќе се печати после образецот пријава на штета,
  • Копија од потпишаната полиса од страна на фирмата ( договорувач на осигурувањето),
  • Копија од целосна медицинска документација од првиот до последниот ден доденка траело лекувањето. (поради постоење можност од замена на РТГ снимките на неколку осигуреници, се препорачува истите да ги носат со себе при извршување на преглед-процена од страна на лекар-цензор)
  • Дополнителна документација која може да биде во интерес на одредување точен процент на инвалиднот, како и пресметување на дополнителни трошоци за лекување и дневен надомест, доколку истите се предвидени со полисата за колективно осигурување.
  • Доколку во полисата е вклучен и осигурениот ризик за дневен надомест и доколку е користено боледување, да се достават извештаите за привремена спреченост на работа.
  • Доколку во полисата е вклучен и ризикот трошоци за лекување, задолжително е доставување на оригинални сметки за сторените трошоци.
  • Извод од матична книга на родени (за малолетни лица – ученици, деца во градинка и сл.)
  • Во случај да недостасува документација која е важна за процесот на ликвидација на оштетното поабрување, се врши нејзино докомплетирање.
  • Копија од трансакциска сметка на оштетениот
Потребни документи за пријава на штетата
  • Пријава за штета по основ на незгода
  • Потврда во оригинал од работа за платена премија со наведен број на полиса
  • Извод од матична книга на умрените (венчани, родени наследници)
  • Лекарски извештај за причината за настанувањето на смртта
  • Нотарски заверена изјава за корисникот на осигурувањето
  • Останата документација која ќе биде побарана од страна на АД за осигурување Винер – Виена Иншуренс Груп Скопје

Потребни документи за пријава на штета

  • Пријава на штета
  • Полиса (или број на полиса)
  • Фактура или мислење од сервисерот за состојбата на средството (во случај на извршена поправка)
  • Документ за процена на штета
  • Записник од МВР / по потреба

Потребни документи за прјава на штетата

Доколку превозот се врши со сопствени возила :

  •  Барање за надомест на штета
  • Доказ за осигурување – полиса за осигурување со во целост платена премија
  • Испратница (фактура) која се однесува на стоката која бил предмет на транспорт со уредно наведен датум и место на тргнување и релација на превозот за докажзување на сопственоста или евентуалната поврзаност на осигуреникот со стоката
  • М1 и М2 (КОПИЈА) од возачот на возилото за докажување дека истиот е уредно вработен кај осигуреникот
  • Собракајна дозвола (КОПИЈА) од возилото за докажување дека возилото е во сопственост на осигуреникот кое исто така мора да биде означено дека се користи за ЗА ПРЕВОЗ ЗА СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ
  • Уредно пополнет патен налог
  • Записник за Штета
  • Записник од орган на полиција ако се работи за штета од сообракајна незгода и кражба

Доколку превозот се врши со превозник со лиценца за домашен јавен превоз на стоки:

  •  Барање за надомест на штета
  • Доказ за осигурување – полиса за осигурување со во целост платена премија
  • Испратница (фактура) која се однесува на стоката која бил предмет на транспорт со уредно наведен датум и место на тргнување и релација на превозот за докажзување на сопственоста или евентуалната поврзаност на осигуреникот со стоката
  • Извод од лиценца (КОПИЈА) на превозникот
  • Уредно пополнет патен налог
  • Домашен Товарен Лист
  • Записник за Штета
  • Записник од орган на полиција ако се работи за штета од сообракајна незгода и кражба
  • Доставените документи треба да се во оригинал освен оние каде е наведено дека е потребно да се достави КОПИЈА.

Потребни документи за пријава на штета

  • Пријава за штета – Образец
  • ОШТЕТНО БАРАЊЕ на оштетеното лице
  • Превозни документи (ТОВАРЕН  ЛИСТ, СПЕЦИФИКАЦИЈА)
  • Царинска фактура или друг доказ за вредноста на пратката
  • Писмена изјава на возачот за причината и околностите за настанување на штетата
  • Записник – ХАВАРИСКИ ИЗВЕШТАЈ за процена на штета
  • Докази врз основа на кои може да се утврди постоење или непостоење одговорност на осигурената страна за настанатата штета
  • ЗАПИСНИК ОД ПОЛИЦИЈА, ако настанала сообраќајна незгода, пожар или кражба
  • Останати Докази и Изјави кои осигурувачот ќе ги побара за појаснување на отштетното побарување.

Потребни документи за пријава на штетата

  • Пријава на штета
  • Број на полиса
  • Документ за процена на штета

Ве молиме следете ги насоките за комплетирање на документацијата и внимателно и точно пополнете ги пријавите за штета. На тој начин ќе придонесете Вашата штета да биде побрзо обработена и решена.

За помош бидете слободни да ни се обратите на нашиот контакт центар 15 999 или да ни пишете порака на вибер, месинџер или скајп.

TOP