ГРАНИЧНО ОСИГУРУВАЊЕ

Граничното осигурување е достапно за сите странски возила, односно возила на домашни и странски лица кои се регистрирани во странство, кои треба да влезат во земјава, а не поседуваат валидна зелена карта. Во ваквите случаеви Винер Осигурување издава гранично осигурување, кое го заменува поседувањето на зелена карта за странското возило. Винер Осигурување нуди гранично осигурување за сите странски возила, кои не поседуваат зелен картон, на сите гранични премини во Република Македонија.

Граничното осигурување се склучува врз основа на важечките услови за осигурување од авто-одговорност. Премијата се пресметува и наплатува во девизи, а ова осигурување важи само за подрачјето на Р.Македонија.

За да добиете понуда за вашето возило за Гранично осигурување кликнете на овој линк.

За да се изработи гранично осигурување потребни се податоците од сообраќајната дозвола и увид во тековната полиса за автоодговорност на возилото.

Цената на полисата за автоодговорност зависи од силината на моторот кај патничките и од носивоста во тони кај товарните возила, како и од Вашиот избор дали дополнително ќе ги осигурате патниците и стаклата во автомобилот. На осигуреникот му следува попуст (бонус) за секоја година во која со возилото не бил причинител на штета.

A. Кога штетата се пријавува врз основа на Европски извештај

  • Пријава на штета/барање за надомест на штета
  • Целосно пополнет Европски записник и потпишан од страна на оштетениот и причинителот
  • Фотокопија од возачка дозвола од причинителот и оштетениот
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола на причинителот и оштетениот
  • Осигурително покритие на полисите од причинителот и оштетениот (фотокопии од полисите)
  • Трансакциска сметка од оштетениот / жиро сметка за правни лица (материјален доказ)
  • Комисики записник-документ за проценка на штета потпишан од оштетениот и од проценителот
  • Слики од реконструкција на оштетените возила
  • Изјави од двајцата учесници за начин на случување на незгодата
  • Изјава за функционер
  • Документи за поправено возило – фактура

 

Б. Кога штетата се пријавува врз основа на полициски записник

  • Пријава на штета/барање за надомест на штета
  • Полициски записник и скица од увид- задолжително
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола
  • Фотокопија од возачка дозвола
  • Трансакциска сметка од оштетениот (материјален доказ)
  • Жиро сметка за правни лица како оштетен
  • Осигурително покритие на полисата
  • Комисиски записник-документ за процена на оштетувањата потпишан од проценителот и од оштетениот,
  • Слики од оштетеното возило
  • Изјава за функционер
  • Документација за поправено возило – фактури.

УСЛУГА СО ЕДЕН КЛИК

Facebook

Viber

Skype

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP