КАРИЕРА ВО ВИНЕР

Центар за кариера

ВИНЕР Осигурување е осигурителна компанија која е во сопственост на Vienna Insurance Group – Wiener Städtische, една од најголемите осигурителни групации во Централна и Источна Европа, составена од над 50 компании во 25 земји, со 25 илјади вработени, повеќе од 20 милиони задоволни клиенти и традиција преку 190 години во осигурителниот бизнис. Групацијата е рангирана со „А+“ според Standard & Poor’s, што е показател за безбедноста и сигурноста што ја имаат нејзините осигуреници.

Се стремиме да ги привлечеме, мотивираме и задржиме кај себе исклучителните луѓе, покажувајќи почит кон нивната работа и резултати. Веруваме во личната иницијатива, одговорност и тимска работа. Континуирано бараме чесни и вредни луѓе кои се посветени на работата. За тоа овозможуваме најконкурентен систем на наградување и обезбедуваме постојана надградба, едукација и кариера во ВИНЕР, а во рамките на интернационалниот развој и во VIENNA INSURANCE GROUP.

Како компанија со континуиран раст и развој во сите свои сегменти, поради зголемениот обем на работа, ВИНЕР има потреба од искусни и амбициозни луѓе кои заслужуваат да работат во најдобри услови и со најдобри ресурси.

Од таа причина, ВИНЕР повикува да се пријават сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите за следниве позициите:

 

Менаџерот за човечки ресурси како функција претставува управување со кадарот кој индивидуално и тимски допринесува за остварување на бизнис целите на друштвото. Потребно е да овозможи вработените да го дадат својот полн потенцијал и да овозможи вистинскиот работник да биде на прво место. Менаџерот за човечки ресурси има основна улога за развивање на одговорноста и зголемување на продуктивноста и ефикасноста на секој посебен сектор во друштвото. Ги поврзува раководниот кадар, тимовите и работниците, ги забрзува и олеснува процесите во друштвото.

Опис на работното место/одговорности:

  • Насоки и управување со процесите за селекција и регрутирање на кадарот како и менаџирање на процесите за интервјуирање и оценување;
  • Утврдување на потреба од кадар и координирање на процесите за распишување на огласи за работни места;
  • Грижа за мерките и нивоата на задоволството на вработените и идентификација на областите во кои е потребно подобрување;
  • Работа на развој на тимовите, советување на менаџментот на друштвото за одлуките кои треба да се донесат и спроведат во врска со прашања кои произлегуваат од областа на човечките ресурси;
  • Координација во подготовка на правилници и акти на друштвото за регулирање на делот на човечките ресурси;
  • Следење на законската регулатива во делот на човечките ресурси;
  • Развивање, имплементација и спроведување на политики, нови правила и процедури за човечки ресурси во друштвото, вклучувајќи програми за обука и едукација и промовирање на свест за одговорност, квалитет во извршување на работните задачи со цел унапредување и развој на друштвото;
  • Управување со дисциплинските процеси и мерки, предлагање на одлуки и предлози за изрекување на деловни решенија во доменот на човечките ресурси.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • ВСС, економски или правен факултет;
  • минимум 2 години работно искуство во сектор за човечки ресурси;
  • одлично познавање и работа на компјутер (MS Office);
  • одлично познавање на англиски јазик;
  • добри организациски и комуникациски вештини, способност за работа под притисок и работа во динамична средина, аналитички вештини, иницијативност, способност за препознавање на ризикот во работењето, вештини за пренос на знаење, ориентираност кон постигнување цели и тимска работа,; способност за добра проценка на карактерот, тактичноста и самодовербата, развиени преговарачки способности, развиена советодавна улога, поседување на личен кредибилитет, интегритет и достапност,  толкување и објаснување на статистика и различни истражувања, добро познавање на правната рамка во која се уредува засновањето на работниот однос, непристрасност и искреност
  • возачка дозвола - Б категорија

Нудиме:

  • Конкурентна плата и бонус пакети
  • Професионален и пријателски тим
  • Можност за кариерен развој
  • Стимулативно работно опкружување

 

Работно време: понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, работа во една смена – претпладне.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и мотивационо писмо со наведување на работното место, како и дополнителни документи (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по електронска пошта на kariera@winner.mk или да ги достават лично документите на адреса: бул. Борис Трајковски 62, Скопје, најдоцна до 01.12.2017 година.

Само апликантите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

ВАЖНО: Личните податоци кои ги доставуваат кандидатите при конкурирањето на отворените огласи објавени од страна на Винер се чуваат за потреби на регрутација и селекција. Доколку некој од кандидатите не се согласува неговите податоци да бидат чувани, треба да го наведе тоа во e-mail пораката при доставувањето на документите, по што податоците ќе бидат избришани од нашата база на податоци во рок од една недела.

Сите останати заинтересирани кандидати за други работни позиции се добредојдени да ги достават своите куси биографии и мотивациони писма на kariera@winner.mk, во било кое време. Тимот на ВИНЕР ОСИГУРУВАЊЕ Ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за електронска пошта.

Најквалитетните ги заслужуваат најдобрите услови. Бидете и Вие дел од тимот на ПОБЕДНИЦИТЕ!

ВАЖНО: Личните податоци кои ни ги доставуваат кандидатите при конкурирањето на отворените огласи кои ги објавува Винер се чуваат за потреби на регрутација и селекција. Доколку некој од кандидатите не се согласува неговите податоци да бидат чувани, треба да го наведе тоа во e-mail пораката при доставувањето на документите, по што податоците ќе бидат избришани од нашата база на податоци во рок од една недела.

НАШАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Еден од столбовите на стратегијата за континуиран и стабилен раст на Винер Осигурување е постојаното вложување во регрутација, селекција и едукација на човечките ресурси. Во секоја од овие фази, компанијата се раководи од иновативни принципи кои нудат пријатно искуство за кандидатите, пријатна работна средина за регрутираните и напредни обуки за вработените.

Во делот на регрутација Винер Осигурување, во најголем дел се потпира на младите талентирани луѓе кои покажуваат интерес за динамична работа и желба за кариера во компанијата. Потпирајќи се на напредните политики за развивање на човечките ресурси, компанијата не ја зема како клучна претходната наобразба и искуство на кандидатите.

Во делот на селекцијата, ново-вработените имаат можност своите афинитети и способности да ги потврдат на соодветни работни задачи, и во координација со одговорните лица за човечките ресурси да го изберат правецот во кој м0жат најмногу да ја развијат својата кариера, односно да постигнат најголем личен и професионален развој.

Во делот на обуката Винер осигурување обезбедува редовни теоретски и практични обуки, внимателно адаптирани на работните задачи на вработените. Покрај редовните обуки во рамки на компанијата, на вработените во Винер на располагање им е можноста за надградени обуки во Австрија во рамки на Виена Иншуренс Груп, Групацијата на која Винер припаѓа.

За квалитетот на управувањето со ЧР, говори и податокот дека над 70% од лицата кои првото работно искуство/пракса ја имале во компанијата останале на работа во Винер. Овие лица сочинуваат над 30% од вкупниот број вработени во компанијата. Тоа зборува за капацитетот на компанијата во развојот на човечките ресурси, но и изборот на Винер меѓу младите како најпосакуван работодавач.

TOP