КОДЕКС НА ДЕЛОВНА ЕТИКА

OПШТИ ПРИНЦИПИ,  ОБЕМ НА УПОТРЕБА, ДОСТАПНОСТ

Брендот WINNER исто како и брендот VIG пред се претставува доверба и сигурност за нашите клиенти и вработени.  Исполнувањето на деловната стратегија е целосно усогласена со основните принципи на деловната етика утврдена во овој Кодекс на деловна етика (во натамошниот текст Кодексот), кој пак е целосно усогласен со Кодексот на деловна етика на VIENNA INSURANCE GROUP.

Кодексот е задолжителен за сите вработени во Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје (во натамошниот текст Друштвото), независно од позицијата на било кој вработен во рамките на Друштвото.

Дополнително на овој Кодекс, може да има посебни регулативи за поединечни области на групациско или компаниско ниво, но истите мора да се комплементарни со Кодексот и ќе се употребуваат независно од Кодексот без притоа да се суспендираат основните вредности на Кодексот.

Доколку одредена ситуација е регулирана со Кодексот или со некоја локална регулатива, ќе се применува построгиот стандард. Кодексот на деловна етика се одобрува од Управниот одбор на Друштвото.

 

НАШИ ВРЕДНОСТИ

Друштвото е свесно за одговорноста која ја има кон своите клиенти, вработените, акционерите, деловните партнери и кон општеството воопшто, како правно лице и како дел од меѓународната осигурителна групација VIENNA INSURANCE GROUP. Нашиот однос кон било која заинтересирана страна е воден од чесност и одржливост, и се базира на следните основни вредности:

  • Кредибилитет и интегритет

Кредибилитетот и интегритетот се нашите најважни приоритети. Секој од нас сноси лична одговорност за највисоки стандарди на однесување, кредибилитет и интегритет, кои треба да се применуваат во секој аспект од работењето.

  • Задоволство на клиентите и квалитет на услуга

Ние ги почитуваме нашите клиенти, ги слушаме нивните потреби, желби и ги разбираме нивните очекувања. Се стремиме да понудиме прилагодени решенија, да имаме квалитет и услуга која ги надминува очекувањата на нашите клиенти.

  • Претприемништво и одговорност

Постапките зборуваат погласно од зборовите. Чувството за одговорност и почит секогаш е од суштинско значење за нашите односи со клиентите, вработените, акционерите, деловните партнери и општеството во целина. Сите наши вработени работат за иста цел, како и што се очекува од нив. Сите ние треба да се водиме преку експертиза, креативност и тимска работа.

  • Благодарност и респект

Се однесуваме меѓу себе со респект и сме горди на бенефитите кои ги носи различноста на вработени и идеи. Со цел да се продолжи нашиот успех, треба да обезбедиме прилики за нашите вработени за тренинг и развој, помагајќи им со тоа професионално да се надградат и да можат да се носат со новите одговорности.

 

ИНДИВИДУАЛНИ ПРАВИЛА НА КОДЕКСОТ НА ДЕЛОВНА ЕТИКА

1. Усогласеност со локалната законска регулатива

Во нашето деловно опкружување ние одбиваме да се вмешаме во било какви нелегални практитки и не одобруваме нелегални активности. Друштвото делува во согласност со прописите и законските норми и ги почитува обврските усвоени на доброволна основа, со внатрешни стандарди, како и прифатени етички стандарди на ниво на групација. Како додаток на локалната регулатива, локални насоки се издаваат на вработените за специфични проблематични области. Овие насоки даваат информации за регулативата и го дефинираат правилното однесување во одредена ситуација. Секој кој ги има добиено овие насоки е должен да постапува по нив. Посветени сме во сите аспекти на Кодексот да се усогласиме со локалната регулатива.

Сите вработени мора да се воздржуваат од активности кои би можеле да резултираат Друштвото, ВИГ или нивните вработени да бидат инволвирани во незаконити дејствија.

2.Заштита на човековите права

Во нашата деловна пракса ги поддржуваме и штитиме меѓународните човекови права и се спротивставуваме на било каква принудна работа или искористување на детски труд.

  • Недискриминација

Не толерираме никаква дискриминација. Посветени сме на промовирање и овозможување на еднакви можности во однос на вработување и унапредување на вработените, без разлика на нивата вера, религија, пол, верувања, етничка припадност, национална припадност, сексуална ориентација, возраст, боја на кожа, инвалидитет или граѓански статус. Не толерираме сексуално вознемирување или малтретирање и секогаш се обидуваме да се однесуваме еден кон друг со благодарност и позитивен пристап.

3. Заштита на имотот на друштвото

Имотот и средствата на Друштвото се користат само за професионални цели и во согласност со внатрешните регулативи за нивно користење. Ние сме посветени да го третираме целокупниот имот на Друштвото, како што е оперативната опрема, објектите како и нематеријалните добра (интелектуална сопственост, софтверски лиценци и сл.) со грижа и да ги заштитиме од злоупотреба, загуба, уништување или кражба.

4. Спречување на поткуп и корупција

Се спротиставуваме на било која форма на поткуп и корупција.

Корупција е злоупотреба на авторитет за приватна добивка на поединци, без разлика дали е преку активно или пасивно однесување, како примател  или давател. На вработените во Друштвото им е забранета било која форма на корупција.

Забрането им е на вработените во Друштвото да примаат подароци или покани односно да даваат подароци и покани, со вредност која е поголема од локалните законски рестрикции и стандарди, кои се дадени со цел да се стекне недозволена предност.

На вработените во Друштвото им е забрането да имаат втора работа во кој било конкурент. Друштвото може да дозволи негов вработен да има втора работа во свој клиент, добавувач или друг деловен партнер само ако тоа вработување нема да отвори било какво сомневање за поткуп и корупција.

5. Доверливост / заштита на податоци

Податоците и информациите кои ни се дадени од страна на клиентите, деловните партнери и вработените во текот на било која деловна активност се предмет на доверлив третман и постапување и секој вработен има обврска за чување на податоците во тајност.

Целосно ќе ги почитуваме сите законски обврски за заштита на податоците, ќе ја штитиме доверливоста на податоците особено личните податоци, кои ни се пренесени од страна на клиентите, деловните партнери и вработените, од неовластен пристап на трети лица и ќе ги пренесуваме на нашите вработени само во случај кога е тоа потребно за извршување на нивните работни задачи.

Личните податоци се собираат, се обработуваат и се користат единствено до степен потребен за намената за која се потребни.

 

VII. Спречување на злоупотреба на пазарот/ тргување со внатрешни информации

Внатрешна информација е информација која не е објавена во јавноста, а се однесува на еден или повеќе издавачи или нивни финансиски инструменти и која може да има значително влијание на цената на соодветниот финансиски инструмент кога се објавува. Злоупотребата на пазарот го загрозува функционирањето на пазарите на капитал и е предмет на административни и кривични казни.

Согласно прописите за усогласеност, на вработените во Друштвото кои поседуваат  внатрешни информации им се забранува да се занимаваат со соодветните финансиски инструменти (директно или индиректно, за своја сметка или за сметка на трета страна) со користење на внатрешни информации или давање препораки до други во врска со засегнатите финансиски инструменти. Дополнително, внатрешните информации не смеат да се пренесуваат или на друг начин да бидат ставени на располагање на трети лица.

  • Спречување на перење пари и финансирање тероризам

Ги поддржуваме меѓународните напори за спречување на злоупотреба на финансискиот систем за перење пари и финансирање на терористички активности. Со цел да се помогне спречувањето на перење пари и да се учествува во откривање и следење  на евентуалната злоупотреба, посветени сме на собирање на веродостојни информации за идентитетот на нашите клиенти по принципот "запознајте го вашиот клиент". Се обврзуваме внимателно да ги проверуваме и ако е потребно да одбиеме осигурителен бизнис ако утврдиме дека активноста е незаконита.

  • Заштита на животната околина

Основа на сите наши активности е одговорен однос кон животната средина. Посветени сме на обезбедување на заштита на животната средина и одржлив економски развој. Работење на начин кој нема да ја загрозува животната средина е дел од нашата корпоративна култура. Внимателно искористување на ресурсите е важен дел на нашите активности и ги спроведуваме сите важечки регулативи за заштита на животната средина и корпоративни стандарди за заштита на животната средина.

Се обврзуваме внимателно да ги користиме имотот и фондовите на Друштвото, да ги зимаме во предвид последиците од нашите активности врз животната средина и да ги спроведуваме нашите задачи во согласност со принципот на одржливост.

 

6.Контакт во случај на нејаснотија / небрежност

Во случај да има проблем, нејаснотија или ако е забележано однесување кое не е во согласност со овој Кодекс, било кој вработен може да го контактира својот менаџер или овластеното лице за усогласеност со регулатива, во целосна доверба и без тоа да доведе до негативни последици за вработениот.

 

Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје

Бр. 5980/0202/2/18

17.05.2018 година

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

TOP