МЕЃУНАРОДЕН ТРАНСПОРТ

Осигурувањето на транспорт во меѓународен превоз на Винер ја осигурува одговорноста на осигуреникот како превозник кон корисниците на превозот за докажана целосна или делумна загуба, оштетување или за задоцнување на пратките во домашен и меѓународен превоз, превземени на превоз со товарен лист или договор. Со склучувањето на договор за осигурување на меѓународен транспорт, Винер ќе му ги надомести на осигуреникот сите износи кои тој треба да ги плати врз основа на одговорноста пропишана во условите, како и евентуалните судски трошоци и останатите вонредни трошоци.

Како и кај домашниот транспорт, и кај осигурувањето кое се однесува на меѓународниот транспорт, осигуреникот може да избира помеѓу два типа на осигурително траење – еднократно или осигурување на подолг рок. Така, со поединечната полиса се осигурува еднократно вршење на транспорт, додека пак содоговорот со отворено покритие превозникот може да го осигура вршењето на меѓународен транспорт на подолг период со кој ќе бидат опфатени сите спроведени пратки.

За да изработиме полиса за транспорт потребно е да се пополни пријава за транспорт во која се наведуваат сите потребни податоци за превозникот, релацијата, робата која се превезува, начинот на транспорт и видот на покритие. Пријавата се пополнува и се заверува, па врз основа на неа се изработува полисата.

Цената на полисата за домашен транспорт зависи од тоа дали полисата е за еден транспорт или станува збор за полиса за генерален транспорт која важи за целата година. Исто така, кај двата типа на полиси цената зависи од вредноста на робата која се превезува.

Упатство за пријава на штета

  • Осигуреникот е должен во случај на штета да ги преземе следните дејствија:
  • Веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, на најбрз можен начин (телефон,телефакс, е-mail) да го извести осигурувачот за штетниот настан и истото писмено да го потврди
  • Видливите оштетувања да ги констатира веднаш со записник при приемот на пратката во присуство на превозникот и осигурувачот и по потреба да ангажира стручни лица од други организации, судски вештаци или контролни куќи
  • Оштетените предмети да ги смести во соодветни простории во зависност од пратката, а ако се работи за лесно расиплива стока веднаш да организира продажба во согласност со осигурувачот
  • Да преземе мерки за смалување на штетата и да го зачува регресното право на осигурувачот спрема одговорнитепричинители на штетата
  • Да ги преземе оштетените предмети
  • Да ги почитува упатствата на осигурувачот
  • Да дава ажурни и точни податоци за остварениот промет што е предмет на осигурување.

Потребни документи за прјава на штетата

Доколку превозот се врши со сопствени возила :

  •  Барање за надомест на штета
  • Доказ за осигурување – полиса за осигурување со во целост платена премија
  • Испратница (фактура) која се однесува на стоката која бил предмет на транспорт со уредно наведен датум и место на тргнување и релација на превозот за докажзување на сопственоста или евентуалната поврзаност на осигуреникот со стоката
  • М1 и М2 (КОПИЈА) од возачот на возилото за докажување дека истиот е уредно вработен кај осигуреникот
  • Собракајна дозвола (КОПИЈА) од возилото за докажување дека возилото е во сопственост на осигуреникот кое исто така мора да биде означено дека се користи за ЗА ПРЕВОЗ ЗА СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ
  • Уредно пополнет патен налог
  • Записник за Штета
  • Записник од орган на полиција ако се работи за штета од сообракајна незгода и кражба

Доколку превозот се врши со превозник со лиценца за домашен јавен превоз на стоки:

  •  Барање за надомест на штета
  • Доказ за осигурување – полиса за осигурување со во целост платена премија
  • Испратница (фактура) која се однесува на стоката која бил предмет на транспорт со уредно наведен датум и место на тргнување и релација на превозот за докажзување на сопственоста или евентуалната поврзаност на осигуреникот со стоката
  • Извод од лиценца (КОПИЈА) на превозникот
  • Уредно пополнет патен налог
  • Домашен Товарен Лист
  • Записник за Штета
  • Записник од орган на полиција ако се работи за штета од сообракајна незгода и кражба
  • Доставените документи треба да се во оригина

УСЛУГА СО ЕДЕН КЛИК

Facebook

Viber

Skype

Релација на транспортот

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP