ВИНЕР ОСИГУРУВАЊЕ ВО 2009 - Успешна година зад нас, уште поуспешна пред нас

08.04.2010

Измината година Винер Осигурување ја одбележаа два клучни моменти. Едниот е купувањето 100% од акциите на СИГМА од страна на најголемиот осигурителен бренд во Централна и Источна Европа во мај месец - Wiener Stadtische, а вториот момент беше секако официјалното објавување на новото корпоративно име со кое ќе настапуваме на македонскиот осигурителен пазар – ВИНЕР Осигурување.

Во 2009 година, ВИНЕР Осигурување ги постигна следните резултати:

  • - Пораст на пазарниот удел за 17,5%
  • - Пораст на полисираната премија 33.5 мил. ден.
  • - Зголемување на средствата за покривање на техничките резерви на штети за 150 мил.денари (за 130%)
  • - Импресивен портфел на продукти во кои доминантно учествува завзема незадолжителното осигурување
  • - Задржување и динамично зголемување на корпоративните клиенти кои својата доверба за нивната сигуност ни ја доверија нам
  • - Енормен обем на ликвидирани штети – 54% од полисираната премија
  • - Пораст во првото тромесечие од 2010 во однос на истиот период лани за 15%

 

Соопштение за јавност

Резултати на Виенаската Осигурителна Групација во 2009 година


Назад на насловна страна