На 27.04.2010 година во хотелот Епинал Битола, Надзорниот одбор ја оддржа својата 9та седница. Присуството на членовите на надзорниот одбор и менаџерскиот тим на компанијата се искористи за дружење со политичката и бизнис заедница на Битола и околните општини. Како интернационална групација, членовите на надзорниот одбор ја истакнаа главната предност на компанијата – размислувај глобално, делувај локално.
Менаџментот ги промовираше одличните квартални резултати на компанијата за 2010 пред сите засегнати страни во Битола. Воедно, континуираното подобрување на нашите резултати се причина повеќе за нашите заеднички средби и подобрени услуги кон нашите клиентите. “Ви ветуваме дека нашите продукти ќе бидат адекватни со својата цена, со својот квалитет и со брзината на нашите услуги” – изјави Г-дин Нарашанов, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на компанијата.
Покрај постоечката канцеларија во центарот на Битола, кон крајот на Март 2010 година беше промовирана уште една – нова канцеларија во Битола. Но, нашата интенција за поголема близина до нашите пријатели и клиенти продолжува. Наскоро, компанијата ќе отвори ново продажно место на кое граѓаните ќе можат на едноставен и несекојдневен начин да се информираат за осигурување на својот имот, автомобил, бизнис, семејство.
Фото галерија
Назад на насловна страна