Во изминативе две децении, Vienna Insurance Group стана една од најголемите групации за осигурување во Централна и Источна Европа. Со преструктуирањето за основање на Vienna Insurance Group AG Wiener Versicherung Gruppe, компаниите од нашата Групација ќе работат под една капа и на тој начин ќе имаат заеднички, силен идентитет, излегувајќи надвор од својот поединечен пазар. Со својата функција како холдинг компанија, Vienna Insurance Group ќе биде одговор на за бројни прашања поврзани со меѓународното управување на Групацијата.
Нашите клиенти во сите држави ќе можат да се потпрат врз финансиската сила на нашата Групација. На почетокот од 2010 година, Standard & Poor’s изрично го потврдија постојниот рејтинг „A+” за Vienna Insurance Group. Нејзината конкурентна позиција и способноста на осигурителната компанија да продолжи да се шири во Централна и Источна Европа резултираа со оценката за нејзината иднина од страна на Standard & Poor’s како „стабилна“. Следствено на тоа, Групацијата има многу добар рејтинг, дури и во проблематична економска клима.
Со овој важен чекор, Vienna Insurance Group може да се претставува себеси како независна, финансиски силна осигурителна групација во државите од регионот на ЦИЕ и дури и ја засилува својата водечка позиција. Во врска со меѓународниот осигурителен бизнис, Групацијата ќе преземе една дополнителна улога на координатор надвор од националните граници. За да може да им се гарантира на нашите клиенти и продажни партнери дека ја добиваат најдобрата можна услуга и помош, транснационалниот бизнис, а особено соработката со нашите главни клиенти, ќе биде управувана од Групацијата.
Обраќање на Главниот извршен директор на ВИГ
Назад на насловна страна