ОПШТА ОДГОВОРНОСТ

Предмет на осигурувањето од одговорност претставува законската одговорност на осигуреникот за штета што предизвикала смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на предмети на трети лица. Покриени се штети кои ќе настанат од Вашата дејност и активност, од поседување на објекти и предмети, од правен однос како извор на опасност. Воедно, покриени се штети кои се последица од закуп или плодоуживање на земјиште, згради и простории кои се користат за одвивање на дејноста.

Ако посебно се договори со ова осигурување може да се покрие :

  • кражба и исчезнување на предмети;
  • загадување на вода и тло;
  • користење, односно поседување, закуп или плодоуживање на : земјиште, згради и простории, коишто се користат исклучиво за потребите на осигурена дејност или занимање;
  • одговорност на инвеститор и изведувач на градежни работи;
  • чисто имотна штета.

Одговорност за “чисто имотна штета“ подразбира дека, со Вашата активност и работење или одреден Ваш пропуст сте нанеле матерјална загуба на трето лице, без да го загрозите неговиот живот и здравје или неговиот имот.

За да изработиме полиса за осигурување од општа одговорност потребно е да го знаеме видот на дејност кој го врши осигурениот субјект, бројот на вработени, просечната нето плата и висината на покритие (сума на осигурување).

 

Цената на полисата зависи од параметрите кои ги споменавме погоре - сумата на покритие, бројот на вработени во фирмата и просечната нето плата.

Потребни документи за пријава на штетата

  • Пријава на штета
  • Број на полиса
  • Документ за процена на штета

УСЛУГА СО ЕДЕН КЛИК

Facebook

Viber

Skype

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP