ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА

Со осигурувањето од незгода можат да се осигураат работни колективи, односно да се заштитат вработените во текот на целото деноноќие, без разлика дали се наоѓаат на работното место или вон него. Овој тип на осигурување се склучува на барање на работодавачот и има за цел да обезбеди целосна финансиска заштита на неговите вработени од евентуален несреќен случај кој може да има последици по нивното здравје и живот. Кон ова осигурување можат да се приклучат и лица вон работен однос, по барање и евиденција на работодавачот.

Со колективното осигурување од незгода на Винер се обезбедува сигурност на вработените во случај на:

  • Траен губиток на општата работна способност на вработениот
  • Смрт
  • Направени трошоци за лекување
  • Трошоци за дневен надомест во случај на преодна работна неспособност.

Покрај за колективи, осигурувањето од незгода може да биде наменето и за патници во јавен превоз. Овој тип на осигурување од незгода го вадат субјектите кои вршат јавен превоз со цел патниците кои се превезуваат да бидат осигурени во случај на незгода за време на превозот.

За изработка на полиса за колективно осигурување од незгода потребно е да се достави заверен список на вработените кои ќе бидат опфатени со полисата. Во овој список потребно е да се наведат имињата и презимињата, како и матичните броеви на вработените кои се осигураат.

Цената на полисата за колективно осигрување од незгода зависи од избраниот пакет суми за осигурување. Постојат три различни пакети и во секој од нив сумите на осигурување се разликуваат, со цел да може секој колектив да го избере покритието што најмногу му одговара.

Упатство за пријава на штета

  • Во случај на повреда од несреќен случај веднаш треба да се јавите на лекар поради преглед и констатирање на повредата;
  • Задолжително е потребно е да се придржувате кон лекарските совети;
  • Штетата можете да ја пријавите по завршување на лечењето, но не подоцна од истекот на полисата.

Потребни документи за пријава на штетата

  • Осигурување на лица од последици на несреќен случај-незгода
  • Целосно потполнета и потпишана пријава,
  • Потврда од работа со точно наведување на бројот на полиса по која е осигуреникот осигурен и пријавува штета (во случај да се пријавува штета од еден штетен настан по неколку полиси, потребно е да се достават исто толку потврди колку што ќе се пријават штети), доколку се приложи потврда на образец на договорувачот истата се прифаќа, во спротивно ќе се користи нашиот терк за потврда кој ќе се печати после образецот пријава на штета,
  • Копија од потпишаната полиса од страна на фирмата ( договорувач на осигурувањето),
  • Копија од целосна медицинска документација од првиот до последниот ден доденка траело лекувањето. (поради постоење можност од замена на РТГ снимките на неколку осигуреници, се препорачува истите да ги носат со себе при извршување на преглед-процена од страна на лекар-цензор)
  • Дополнителна документација која може да биде во интерес на одредување точен процент на инвалиднот, како и пресметување на дополнителни трошоци за лекување и дневен надомест, доколку истите се предвидени со полисата за колективно осигурување.
  • Доколку во полисата е вклучен и осигурениот ризик за дневен надомест и доколку е користено боледување, да се достават извештаите за привремена спреченост на работа.
  • Доколку во полисата е вклучен и ризикот трошоци за лекување, задолжително е доставување на оригинални сметки за сторените трошоци.
  • Извод од матична книга на родени (за малолетни лица – ученици, деца во градинка и сл.)
  • Во случај да недостасува документација која е важна за процесот на ликвидација на оштетното поабрување, се врши нејзино докомплетирање.
  • Копија од трансакциска сметка на оштетениот

УСЛУГА СО ЕДЕН КЛИК

Facebook

Viber

Skype

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP