ПРОФЕСИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ

Со ова осигурување на Винер обезбедувате заштита во случај на граѓанска парница које е покрената од страна на Ваш клиент заради професионална грешка или матерјална штета која сте ја предизвикале во тек на извршување на Вашата професија. Осигурувањето од професионална одговорност е задолжително за голем број професии, а тенденцијата е оваа облигација да се прошири на сите регистрирани професии, како нужен предуслов за вршење на дејноста. Висината на покритието може да биде во рамки на законски предвидениот минимум или повисоко по желба на клиентот.

Зошто квалитетното осигурување од одговорност е неопходно?

Во случај на побарувања по основ на настаната штета, полисата на Винер ви обезбедува финансиско покритие на побарувањата со што не дозволува да биде загрозено Вашето финансиско работење, а со тоа и опстанокот на Вашата фирма. Истовремено, ова осигурување Ви нуди и правна заштита од неосновани и претерани побарувања од страна на клиентот.

ПРОФЕСИИ ЗА КОИ Е ПОТРЕБНА ПОЛИСА ОД ОДГОВОРНОСТ

  • Адвокати
  • Стечајни управници
  • Извршители
  • Ревизори
  • Нотари
  • Проценители
  • Здравствени работници
  • Шпедитери
  • Туристички агенции
  • Сметководители
  • Проектанти
  • Геодети
  • Телохранители
  • Детективи
  • Агенции за обезбедување
  • Одговорност на работодавач
  • Одговорност од употреба на производ

За да изработиме полиса за осигурување од професионална одговорност потребно е да го знаеме видот на дејност кој го врши осигурениот субјект, бројот на вработени и висината на покритие (сума на осигурување).

 

Цената на полисата зависи од параметрите кои ги споменавме погоре - сумата на покритие, бројот на вработени во фирмата и професионалната дејност на осигуреникот.

Потребни документи за пријава на штетата

  • Пријава на штета
  • Број на полиса
  • Документ за процена на штета

УСЛУГА СО ЕДЕН КЛИК

Facebook

Viber

Skype

Достапен подарок со полисата: Роковник

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP