Врз основа на член 51 од Законот за супервизија на осигурување, a во врска со Спогодбата за присоединување на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје кон Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп (ОДУ број 187/23 од 20.12.2023 година), се објавува следното

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат сите осигуреници на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје, со седиште на ул. Железничка број 41, Скопје, ембс 5702470 и едб 4030002461200, дека како резултат на статусни промени на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје, се присоединува кон Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп, па поради наведеното Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп престанува да постои без ликвидација на ден 27.06.2024 година кога истото се брише од Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Како последица на присоединувањето сите права и обврски настанати од договорите склучени од страна на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје со трети лица до денот на присоединувањето ќе се сметаат за права и обврски на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп, додека сите права и обврски од тие договори по датумот на присоедување ќе се сметаат како права и обврски на Друштвото што презема.

За периодот на важноста на договорите за осигурување, осигурениците на  Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје своите права, обврски и одговорности кои произлегуваат од истите, ќе продолжат непречено да ги остваруваат преку Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп, со седиште на ул.11 Октомври бр.25 Скопје.

 

Акционерското друштво за осигурување и реосигурување

МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп

 

 

Акционерско друштво за осигурување

ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп Скопје

 

Winner WEBSHOP

Купи полиса!

* Купената полиса ќе ја добиете на Вашиот мејл

Winner App

Симнете ја БЕСПЛАТНО

Апликација за сите Ваши потреби поврзани со осигурување

КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ

ПО СОВРШЕНА ЦЕНА ЗА ВАШИОТ ЏЕБ!

Побарај цена!

+ ГРАТИС стакло без франшиза за прва штета

ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

ПРОМОТИВНО

Побарај понуда

Спектакуларна цена за годишно патничко осигурување со 30 дена покритие

ВИНЕР
СОВЕТУВА

МОЈ ПРИЈАТЕЛ.mk

СОВЕТИ ЗА ВАШИОТ ДОМ, ВАШЕТО ВОЗИЛО, ВАШИТЕ ПАТУВАЊА

PREV
NEXT

ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ БЕЗ МАКА
ТВОЈ ПАРТНЕР НА СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ!

Го заштедуваме твоето време. Види колку чини полисата и купи ја веднаш онлајн. Купената полиса ќе ја добиеш на твојот мејл.

Почитувани корисници,

Ве информираме дека поради процесот на статусната промена - присоединување на ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД Скопје кон Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје - Виена Иншуренс Груп (МАКЕДОНИЈА Осигурување) кој е во тек, Секторот за штети е дислоциран на нова локацијa.

Пријавата и процена на штети, од 10.06.2024 година, ќе ce врши на ул. 11 Октомври бр.25, Скопје (во приземјето на Зградата на МАКЕДОНИЈА Осигурување).

Со почит,
ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД Скопје

ПРИЈАВИ ШТЕТА ОНЛАЈН

Брзо и едноставно, пријави штета онлајн за кој било вид на осигурување

ИЗМАМА ВО ОСИГУРУВАЊЕ?

Знаеш за случај на намерни и нечесни прoпусти или нетoчни пренесувања на информации од страна на внатрешно или надворешно лице, со цел за финансиска придобивка?

Прати маил на fraudprevention@winner.mk или кликни на копчето „Пријави“

осигурување македонија
КАРИЕРА ВО ВИНЕР

СТАНИ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА ПОБЕДНИЦИТЕ

Винер постојано е во потрага по етаблирани професионалци од осигурителната дејност и сродните дејности, како и по млади и талентирани лица без искуство кои би сакале својата кариера да ја градат во интернационална компанија со високо реноме.
TOP