
На ден 10.01.2023 година, имавме чест и задоволство да бидеме домаќини на д-р Георг Вуцас, австрискиот амбасадор во нашата земја.
Посетата на амбасадорот Вуцас во деловните простории на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје беше организирана со цел негово запознавање со резултатите на нашата компанија, како членка на најголемата австриска осигурителна групација Vienna Insurance Group. Неговата екселенција беше запознаен со моменталните состојби на македонскиот осигурителен пазар и предизвиците од процесите на усогласување со европската регулатива и најдобрите пракси за развој на осигурителниот сектор.
Во текот на посетата амбасадорот имаше можност да ги поздрави вработените и да се запознае со работните процеси и организациската култура во компанијата.
Она што особено нè израдува е што амбасадорот Вуцас по посетата изрази гордост на компанијата, резултатите кои таа ги има остварено низ годините, како и посветеноста на менаџментот и вработените кон општествено одговорното работење, охрабрувајќи и поддржувајќи го таквиот тренд и во иднина.
Длабоко сме убедени дека ќе ја оправдаме неговата доверба, и дека следната средба ќе биде исто толку пријатна и со позитивни импресии од постигнатите резултати.