„Изминативе 10 години успеавме да креираме интелигентни и рационални осигурителни решенија за нашите клиенти и да ја освоиме нивната доверба преку нашата супериорна услуга, професионалност, посветеност и етика. Постојано ја зголемуваме нашата продажна мрежа, одржувајќи 90 филијали на територијата на Македонија и продолжуваме да ги услужуваме клиентите на најдобар можен начин, затоа што тие се во нашиот секојдневен фокус. “ – изјавува нашиот Генерален Директор, Зоран Нарашанов, во интервјуто за списанието XPRIMM – Романија.
Нашиот директор е еден од ретките лидери чие интервју е објавено во оваа реномирана публикација за осигурителните пазари на Централна и Источна Европа, Турција и Русија.
Како општествено одговорна компанија, Винер донесе неколку мерки со кои се регулира односот кон загадувањето и се дава пример на останатите во бизнис заедницата - рационализација на службениот превоз, стимулација на поеколошки превоз до работното место, маски за велосипедистите.