ДОБРОВОЛНО ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

 

Ова осигурување овозможува покритие за користење на здравствени услуги во сите приватни специјалистички здравствени установи (ординации, поликлиники, клинички болници) на територија на цела држава без исклучок, во било кое време и во било која ситуација кога е во прашање појава на здравствена потешкотија односно појава на основна симптоматологија, за која е потрено да се посети лекар.

Осигуреници може да бидат сите оние кои се веќе дел од државниот Фонд за здравствено осигурување, односно се здравствено осигурени, при што покрај здравствените услуги во државните здравствени установи, ќе може да ги користат услугите и на приватните болници и ординации врз основа на осигурително покритие.

За користењето на бенефициите од полисата за здравствено осигурување не е потребен упат од матичен лекар, напротив концептот на приватното здравствено осигурување е поедноставување на процесот за обезбедувањето на специјалистички здравствени услуги кога најмногу се потребни, односно директна посета на приватна здравствена установа.

Покритието на овој тип на осигурување овозможува покривање на трошоците во приватни здравствени установи, од најосновни специјалистички прегледи, комплексни дијагностички постапки, па се до најсложени хируршки зафати, до максимален износ и до 20.000 ЕУР осигурително покритие на годишно ниво по лице.

Минималната месечна премија по лице изнесува 10 ЕУР месечно, во зависност од избраниот тип на здравствен план и старосната група на која припаѓа осигуреникот.

Доброволното приватно здравствено осигурување на ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД е достапно за физички лица во вид на индивидуално или семејно осигурување, како и за правни лица во вид на колективно осигурување, односно како вид на дополнителен бенефит за вработените и членови на нивните семејства.

За повеќе информации односно за добивање на конкретна понуда или консултација за добровлно приватно здравствено осигурување испратете маил на: infozdravje@winner.mk и веднаш ќе бидете контактирани од наша страна.

За изработка на понуда за доброволно приватно здравствено осигурување во прв момент потребно е да се обезбедат основните податоци за старосна и полова структура на потенцијалните осигуреници (година на раѓање и пол), со цел изработка на инцијална понуда за осигурување.

Цената на полисата за доброволно приватно здравствено осигурување зависи од избраниот тип на здравствен план, при што премијата за секој осигуреник се утврдува врз основа на старосната група во која што припаѓа осигуреникот, за секој здравствен план одделно.

Секој осигуреник добива персонализирана картичка со негови податоци како и упатство за користење на полисата.

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP