По повод светскиот ден на животната средина – 5 јуни, Друштвото за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје одржа еко акција во повеќе градови низ земјата, како една од мерките против загадување на природата под мотото #BeatPlasticPollution, во која учествуваа вработените и менаџментот на Друштвото, а во насока на изнаоѓање решенија против загадувањето со пластичен отпад. Со одржување на еко акцијата, Друштвото, преку спроведување на политиките на Виена Иншуренс Груп, уште еднаш ја потврдува својата заложба за подобрување на животната средина, со поттикнување на свестта кај граѓаните за заштита на природата и создавање на одржлива иднина за следните генерации. Друштвото, во насока на одговорно општествено работење и водејќи се според правото на чиста и здрава животна средина како фундаментално граѓанско право, чие целосно и доследно почитување претставува услов за подобро здравје, има за цел да постави нови, повисоки стандарди во своето корпоративното управување и да придонесе за поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Светскиот ден на животната средина е креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот и има за цел да ги охрабри луѓето ширум светот да преземаат чекори за заштита на животната средина и да водат грижа за планетата.