За Винер Осигурување, општествената одговорност првенствено значи да го ги извршуваме нашите задачи најдобро што умееме. Тоа е нашата примарна одговорност кон општеството, и тоа е најдобрата основа на која ги надоградуваме сите останати активности преку кои се обидуваме да го подобриме квлитетот на животот во средината во која работиме.
Тоа е јасно истакнато во нашата стратегија и мисија – креираме стабилни и трајни вредности, и служиме како пример за стандардите на квалитет, чесност, професионалност и етичност на пазарот. Оваа цврста основа се трудиме да ја надоградиме, давајќи примери преку креирање акции кои ја надмнуваат сферата на нашата работа и ја истакнуваат нашата свест дека да се биде добар вработен е комплементарен процес на тоа да се биде добар член на заедницата.
Во продолжение можете да видите дел од акциите кои Винер ги спроведе и на кои учествуваа голем дел од вработените на компанијата.