Награда за Сајт на годината во категоријата финансиски услуги за Винер

by / / настани и новости

На 7-то по ред доделување на наградите за најдобри веб-страници во Македонија, кое се одржа во Македонската опера и балет, Винер Осигурување доби награда за најдобар сајт во категоријата Најдобар сајт за Финансиски услуги.

Наградите беа доделувани според неколку критериуми, во избор на жири комисија, која ги оценуваше сајтовите според нивните технички параметри, дизајнот, функционалноста, содржината и интерактивноста. Во категоријата Финансиски услуги, Банкарство и Осигурување, Винер ја освои втората награда, зад НЛБ Тутунска Банка.

Својата нова веб-страница Винер ја промовираше во октомври 2016 година. Истата е прилагодена на потребите на клиентите во динамичното секојдневие кое се потпира на дигиталниот пристап до услуги и информации. Веб страницата изобилува со функционалности кои ќе им помогнат на клиентите при пресметка на цената на нивното осигурување, при пронаоѓање на најблиската локација на Винер, пријавата на штети, добивање на било каква информација и закажување термин и локација за подигнување на полиса за да се заштеди нивното време.

Од Винер најавуваат и збогатување на содржините со онлајн продажба на полиси, пред сѐ патничко и домаќинско осигурување во најскоро време.

Инак, изборот на Сајт на Годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.

  • Pin It
TOP