Klime Poposki_photoПрофесорот Климе Попоски предава на катедрата за осигурување на Универзитетот „Свети Климент Охридски“. Тој беше Претседател на Советот на експерти, на Агенцијата за супервизија на осигурување, во два мандата, од 2009 до 2019 година.

Професионалната кариера ја започнал во 1995 година како банкар во период од 4 години. По 1999 година, Попоски се приклучува на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Охрид како асистент, започнувајќи ја својата академска кариера како истражувач и предавач. Откако докторирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2006 година, Попоски е избран за доцент, а од 2013 година за вонреден професор со настава за управување со ризици и осигурување.

Попоски е член на Собранието при Стопанската Комора, почесен член на Македонското здружение на актуари, како и на меѓународното здружение на Actuaires du Monde. Од посебно значење е инволвираноста во Asia-Pacific Risk and Insurance Association како член на Бордот на гувернери, како и иницијатор и еден од основачите на новоформираната Eastern Europe Risk Insurance Association.

Има објавено голем број на научни и стручни трудови во реномирани научни списанија и предавач на признати Универзитети како што се:   Katie School of Insurance & Risk Management, College of Business, Illinois State University, The Dr. William T. Hold/The National Alliance Program за Risk Management and Insurance на Florida State University, St. John’s University, School of Risk Management,  во New York, Center for Scientific Interdisciplinary Risk and Sustainability Management  при Ostfalia University of Applied Sciences, , International Center for Insurance Regulation, Goethe University, Frankfurt, Humboldt-Universität zu Berlin, Faculty of Economics and Business Administration.

Од 11.11.2020 година Професорот Попоски е назначен за независен член на Надзорниот одбор на Друштвото. Оваа функцијата ја обавува заклучно со 30.09.2021 година. Во Друштвото Попоски продолжува на функцијата - Менаџер за стратешки прашања.

Од 15.11.2022 година Климе Попоски е назначен за член и Претседател на Управниот одбор. Претседателот на Управниот одбор на Друштвото истовремено го носи називот Генерален директор.

Професионалната кариера ја започна во 2008 година во Македонски Телеком АД Скопје, каде што работи како Аналитичар во областа за истражување и унапредување на пазарот, особено во доменот на материјално - финансиско работење.
Од 2011 година, Г-ѓа Серафимова својата кариера ја продолжува во ВИНЕР во Секторот за финансии и сметководство. Во 2013 година на конкурс како дел од мобилити програмата, е избрана да престојува и работи во Виена, Австрија во дирекцијата на Виена иншуренс груп во секторот за корпоративно сметководство за период од 5 месеци. Од 2012 година, до стапување на функцијата - член на Управниот одбор ја врши функцијата - Менаџер за корпоративно известување, контролинг и ризик менаџмент во Друштвото, со посебен акцент на   вршење на длабинска анализа, контрола на сметководствено, материјално - финансиско работење и подготовка на корпоративни извештаи за потребите на Друштвото, за потребите на ВИГ Групацијата како и контрола на усогласеноста на извештаите од доменот на финансиите за државните институции во и надвор од државата.

Г-ѓа Серафимова е дипломиран инженер по математичка економија  на Институтот за математика - Применета математика при Природно-математичкиот факултет на  Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”  во Скопје.

Господин Зенку cвоето работно искуство го започнува во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, каде работи 8 години. Потоа се посветува на адвокатурата и работи во aдвокатска канцеларија во Кичево до 2003 година, кога се префрла во осигурителната компанија АД Сигма – Скопје, каде е назначен за одговорен на филијалата во Кичево, а подоцна и за член на Управниот одбор. И по ребрендирањето во ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп во октомври 2009, г-динот Зенку продолжува со своите одговорности во компанијата.

Господин Зенку е дипломиран правник.

Изјава на Управниот одбор

Се обврзуваме да го посветиме сиот наш личен и професионален капацитет за доброто на нашите клиенти, водејќи се според највисоките деловни стандарди во осигурувањето. Во таа наша мисија, двигател ќе ни биде одговорноста со која нè обврзува довербата на клиентите, а нашите морални начела ќе бидат залог за нашата посветеност.

Управен одбор на
Винер - Виена Иншуренс Груп

TOP