„Eдукативeн летен камп на децата со канцер и нивните мајки“
Тимот на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, во насока на поддршка на децата со канцер и нивните родители, на 07.07.2023 година зеде учество во „Едукативниот летен камп на децата со канцер и нивните мајки“ во одморалиштето на Црвениот Крст во Струга.
На настанот тимот на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје одржа обука со цел мајките на децата со канцер да бидат поконкурентни на пазарот за труд и им понуди на сите заинтересирани мајки да им обезбеди помош при стекнувањето на знаење во областа на осигурувањето и истовремено да ги сноси сите трошоци за стекнување Лиценца за застапник во осигурувањето за нив.
Во насока на прифаќање, почитување и инклузија во секојдневните општествени активности, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје континуирано ги поддржува сите иницијативи со цел подобрување на секојдневието на сите.
ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје како компанија е ориентирана кон поддржување на Целите за одржлив развој (SDG) и во насока на нивна промоција, со оваа активност придонесе кон исполнување на SDG број 1 – „Сузбивање на сиромаштијата“, SFG број 5 – „Родова еднаквост“, SDG 8 – „Одржлив инклузивен економски развој“ и SDG број 10 „Намалена нееднаквост”.
- Published in настани и новости
24hr: Интервју со Весна Симоновска – Директор на Сектор на човечки ресурси,право и администрација
Какви се вашите почетоци во осигурителниот сектор и како изгледаше вашата кариерна патека?
Предноста како дипломиран менаџер по осигурување во 2011 година ми овозможи да бидам дел од тимот на Агенцијата за супервизија на осигурување, каде извршував работни задачи на повеќе работни позиции, меѓу кои од 2015 година и управувањето со човечките ресурси. Во периодот од јануари 2020 година, до февруари 2023 година продолжив да работам на полето на човечки ресурси во Државен завод за ревизија и од месец февруари 2023 година сум на работна позиција Директор на Сектор на човечки ресусрси, право и администрација во ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје.
Како се вљубивте во човечките ресурси како професија?
Со првото вработување, а во насока на равивање на добра комуникација со соработниците, најпрво сфатив дека еден од најбитните елементи за добра соработка е да ја разбереме различноста на човековата природа и да се развиваме со сочувство и свесност за различните нивоа и начини на кои луѓето функционираат, перцепираат и комуницираат. Една од работите во кои навистина уживам, е комуникацијата со луѓето. А кога една личност сака да работи со луѓе и притоа има слух за нивните чувства и потреби на работното место, добро ја познава својата работа, добро ја познава организација и во секој момент е спремна е да му помогне на соработникот да ги надмине пречките при движење нагоре и да ги совлада организациските политики и процедури, тогаш таа личност со сигурност е заљубена во човечките ресурси како професија.
Дали осигурителната дејност во Макeдонија е посакувана за работа од младите таленти кои ќе излезат од факултетите?
Имајќи го во предвид краткиот период на оваа работна позиција, сепак можам да потврдам дека осигурителниот сектор е атрактивен за младите таленти, поткрепено со фактот на пристигнати голем број на апликации наспроти мал број на објавени огласи за вработување.
Интерес има и од страна на студенти на насока осигурување, како и на студенти од економски и правен отсек и исто така интерес пројавуваат и ученици од средните економски и правни училишта во поглед на реализрање на нивна пракса во ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје.
Трендот на младите е да ја менуваат својата работа почесто. Дали е тоа случај и во осигурителниот сектор и дали е тешко да се задржат младите во осигурителниот пазар?
Компетенциите, знаења и способности се основни предуслови за конкурентност на деловните системи. ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје многу се вложува на тоа поле, инвестира во своите човечки ресурси и тоа индивидуално согласно потребите на колегите. Една од долгорочните стратегии во поглед на човечките ресурси е професионалниот развој, односно можноста да се стекнат со функционални и апликативни компетенции од одредени области, како и искуствата кои претставуваат билет за успешност во реалниот деловен свет, односно можност за кариерен равој.
И при самите влезни интервјуа, посебно кај кандидатите (лица до 25 години) кои немаат или имаат минимално работно искуство, во поглед на нивните очекувања кој ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје би требало да ги исполни, е прашањето за нивниот професионален и кариерен развој.
Можноста за професионално и кариерно напредување во ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје е еднаква можност за сите вработени и единствен предуслов за истото е нивната желба за усовршување и стекнување на нови знаења и вештини, мотивација, нивната проактивност и покажаните резулати. Согласно нашата статистика над 70% од лицата кои првото работно искуство/пракса ја имале во компанијата останале да работат во ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје и овие лица сочинуваат над 30% од вкупниот број вработени во компанијата. Тоа зборува за капацитетот на компанијата во развојот на човечките ресурси, но и изборот на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје меѓу младите како посакуван работодавач.
Што мислите дека е потребно да се изгради една успешна организациска култура во осигурителна компанија како ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје?
Организациската култура им сигнализира на вработените што е прифатливо и што не е прифатливо за истата, како и кои се вредностите на организацијата. Нашите вредности се интегритетот, кредибилитетот и професионализмот. Брендот WINNER исто како и брендот VIG (Виена Иншуренс Груп) пред се претставува доверба и сигурност за нашите клиенти и вработени. Темелот на организациската култура во Виена Иншуренс Груп АД Скопје е чувството на припадност како резултат на споделената визија.
Се однесуваме меѓу себе со почит и горди сме на бенефитите благодарение на различноста на членовите на семејството на Виена Иншуренс Груп АД Скопје и на нивните идеи.
Во секторот за продажбата во осигурувањето, како и во други индустрии постојат таргети, кој е клучот или која особина треба да ја има еден вработен да го исполни својот таргет во осигурувањето?
Способностите и компетенциите, може да се научат и да се развиваат, но само доколку личноста го сака истото и доколку е мотивирана. Вработените кои вложуваат континуиран труд, секако дека успеваат да остварат добри резултати.
Во поглед на компетенциите на лицето кое остварува таргет, неминовни се комуникациските вештини, продажни вештини, секако добро да ја познава својата работа и да постапува согласно Кодексот на деловна етика на Виена Иншуренс Груп АД Скопје.
Што би им препорачале на оние нови таленти кој сега ја градат кариерата во осигурителната индустрија?
Вработените, како и во секоја друга индустрија, така и во осигурителната индустрија претставуваат уникатен ресурс. Токму поради таа специфичност, субјектите од осигурителната индустрија се должни да се прилагодуваат на промените и приоритетот мора да биде насочен кон потребите на своите вработени, при што ќе им се овозможи максимален развој на вработените, на начин преку кој друштвата за осигурување ќе ја зголемат својата деловна успешност.
И токму поради овој многу значаен елемент, уникатен ресурс, ги охрабрувам сите заинтересирани таленти кои имаат одредени компетенции за оваа област и сметаат дека можат да се пронајдат во овој сектор и имаат желба да се занимаваат со оваа дејност, прв чекор за исполнување на истата е нивната мотивација.
Втор чекор е секако посветеноста на личниот развој кој не значи само стекнување на знаење и вештини, тоа значи фокус на секоја индивидуа посебно согласно нејзините можности и аспирации. Личниот развој е во срцето на професионалниот развој, а истиот претставува развој на нечии капацитети на балансиран и систематизиран начин
- Published in Винер во медиумите
Осигурување Магазин: Интервју со Огнен Нелковски – Координатор на Оддел за Банкоосигурување и Развој на продукти
Интервјуто е преземено од osiguruvanjemagazin.mk
Осигурување магазин:Како започна и како изгледа вашата кариерна патека во осигурителниот сектор?
O.Нелкoвски:Генерално моите први поконкретни допири со осигурувањето (секако надвор од улогата на осигуреник) се поврзани со периодот на мојата професионална кариера во банкарскиот сектор.
Имено во периодот од 2010 – 2017 година, поминуваќи исклучително квалитетен и динамичен период во банкарскиот сектор во сегментот на корпоративното банкарство, помеѓу другото и полисите за осигурување беа редовен составен дел од документацијата која го сочинуваше стандардниот комплексниот сет на документи предмет на анализа и обработка, во функција на целокупниот процес со крајна цел квалитетно кредитирање на компаниите на нашиот пазар.
Токму полисите за осигурување, односно квалитетното покритие на полисите за осигурување се еден од факторите за зачувување на сегашната и идна вредност на имотот (движен или недвижен), кој што во процесот на кредитирањето ja игра улога на колатерал/хипотека во корист на банките. Од тука квалитетното покритие на полисата за осигурување обезбедува одреден вид на гаранција за обезбедување на финансиски надомест (обештетување) во случај на евентуално настапување на несакани настани чии што последици може да влијаат на директно делумно или целосно оштетување (обезвреднување) на имотот.
Понатаму, професионалниот пат го продолжив во друг бизнис сектор, поточно во FMCG секторот, од кој што бев дел заклучно до почетоткот на 2020 година, по што на почетокот на 2020 година, односно пред самиот почеток на кризата поврзана со ковид пандемијата повторно се враќам во финасискиот сектор, овој пат во осигурителната дејност, во која сум дел повеќе од 3 години заклучно до сега.
Имајќи го во предвид моето претходно корпоративно искуство односно работењето на разни проектни и оперативни процеси, мојот професионален ангажман во осигурителната дејност од сам старт е поврзан во сегментот на product и business development процесите во рамки на компанијата, а пред се во категоријата на потесно специјализирани осигурителни продукти кои се однесуваат на сегментите: банкоосигурување (bancassurance), доброволно приватно здравствено осигурување (private health insurance), осигурување на финансиски побарувања (trade credit insurance), како и редефинирање (модернизирање) на веќе постоечките пошироко прифатени осигурителни продукти, односно дополнителна имплементација на асистенските услуги (продукти) со цел зголемување на вредноста на основните осигурителни продукти во вид на дополнителен бенефит за крајниот корисник – осигуреникот.
Осигурување магазин:Во последните години свеста за доброволно приватно здравствено осигурување се подигна.Каква е перспективата за развој и раст за приватното здравствено осигурување во Македонија?
О.Нелковски:Како што веќе знаете Доброволното приватно здравствено осигурување има континуиран раст како еден поспецифичен односно посензитивен сегмент во осигурителната дејност, особено во последните 3-4 години зазема се позначајно место во делот на бруто полисираната премија на ниво на осигурителна индустрија од една страна, при што оваа класа на осигурување има највисок раст споредбено со сите останати класи на осигурување, а истовремено од друга страна е препознаен како значаен бенефит пред се во корпоративниот свет, каде што работодавачите се почесто се одлучуваат да го овозможат овој бенефит како дополнителна алатка за мотивација и лојалност за своите вработени како и за членовите на нивните семејства.
На некој среден рок од оваа перспектива неминовно ќе дојде и до момент на поширока комерцијализација и на овој осигурителен производ на ниво како и другите типови на продукти во незадолжителното осигурување, што од една страна дополнително ќе го олесни патот на осигурителните компании до потенцијалните клиенти преку неминовна симплификација на целиот процес, а притоа осигурениците како корисници на бенефициите се повеќе ќе го апсолвираат процесот за користењето на бенефициите од овој осигурителен продукт, креирајќи навика и култура да овој продукт континуирано го обезбедуваат за себе и за своите најблиски имајќи ги во предвид бенефитите од истиот токму во најзначајните моменти од нашето секојдневие поврзани со здравјето.
Потенцијалот за дополнително проширувањето на клиентската база за доброволното приватно здравствено осигурување на ниво на осигурителна индистрија е голем и кај корпоративните клиенти но и во сегментот на физички лица (во вид на индивидуално или семејно осигурувуање), имајќи во предвид дека корпоративниот свет веќе ја прими пораката од своите вработени за исклучително висока корист од овој тип на осигурување и слободно може да се рече дека доброволното приватно здравствено осигурување полека но сигурно влегува во делот на “задолжителни” бенефити овозможени од страна на работодавачите.
Осигурување магазин:Еден од бенефитите кои ги нудат фирмите за да ги задржат своите вработени е приватното здравствено, дали е тоа тренд или веќе е потреба?
О.Нелковски:Како што веќе напоменавме, добар дел од корпоративниот свет доброволното приватно здравствено осигурување веќе го пратикува како неминовен дел од пакетот на бенефити за своите вработени, а доколку истото треба да го третираме како тренд или потреба, да може да се каже дека значаен дел од компаниите своите први полиси за потребите на вработените ги имаат направено токму под притисок на трендовите и конкуренцијата, но веќе понатомошното обновување на полисите за доброволно приватно здравствено осигурување се секако се резултат на суштинска потреба од овој осигурителен продукт, имајќи ги во предвид повеќекратните директни бенефити за корисниците на полисата (вработените во компанијата и членовите на нивните семејства), како и индиректните но идентично важни бенефити гледано од перспектива на раководење со човечкиот капитал во самата компанија како најзначаен ресурс во рамки на истата.
Осигурување магазин:Дали се во припрема нови производи?На што ќе биде ставен фокусот наредиот период?
О.Нелковски:Секако ние во Винер Осигурување како дел од најголемата осигурителна групација на територија на Централна и Источна Европа, Виена Иншуренс Груп континуирано работиме на планот на развој на нови односно редефинирање на постоечките осигурителни продукти, со цел следење на трендовите во осигурителната дејност, со истовремено прилагодување кон тренодвите на дигитализација односно автоматизација на процесите како во делот на комуникација и продажба на полиси, така и во делот на постпродажните активности, односно постапувањето по однос на пријавени штетни настани.
Поконкретно во наредниот период, фокусот ќе биде ставен во имплементација на дополнителни осигурителни продукти во сегментот на банкоосигурувањето, воведување на продукти кои се однесуваат на сегментот обновливи извори на енергија, и секако она што на нашиот пазар е најактуелно веќе неколку години, а тоа се континуриани модификации и подобрувања во осигурителните продукти од сегментот на доброволно приватно здравствено осигурување. Секако тука нема да бидат изоставени и основните продукти од сегментот на незадолжителното осигурување, односно односно осигурувањето имот, патничкото осигурување, каско осигурувањето, за кои што исто така ќе следат модификации и подобрувања како во делот на осигурителното покритие, така и во делот на корисничкото искуство односно во т.н. customer journey процес.
Осигурување магазин:Вие ќе бидете лидери во Македонија на новиот производ односно услуга Телемедицина TeleDoc. Може ли да ни кажеш нешто повеќе за услугата,што нуди оваа услуга и каде можат осигурениците да се информираат?
О.Нелковски:Имајќи во предвид дека пазарниот сегмент во делот на доброволно приватно здравствно осигурување се развива најинтензивно, особено во последните неколку години, за таа цел ние во ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, за прв пат на нашиот пазар воведуваме Телемедицина односно онланјн доктор достапен 24/7/365, како дополнителен бенефит за нашите осигуреници, во вид на осигурително покритие кое ќе биде составен дел од нашиот продуктот за доброволно приватно здравствено осигурување, односно составен дел од сите наши здравствени планови.
TeleDoc е иновативен и единствен производ на подрачјето на Телемедицината кој овозможува неограничен број на видео консултации со лиценцирани општи лекари од Македонија, 24 часа дневно во текот на целата година без исклучок.
Со тоа на нашите клиенти ќе им овозможиме најбрза прва реакција при било каква здравствена состојба без временско и територијално ограничување, при што преку своите мобилни телефони, лаптоп уреди или пресонални компјутери во секое време 24/7 и од секое место без територијално ограничување во пристапот, ќе можат да остварат видео повик со доктор по општа медицина за конкретната здравствена состојба со која се соочува нашиот клиент во дадениот момент. Согласно остварениот видео повик нашиот осигуреник ќе добие брза првична дијагноза, терапија, или во најмала рака конкретна насока за понатамошно постапување, со цел спречување на дополнителен прогрес на здравствена состојба односно што побрзо постапување по истата, токму преку првичната брза реакција во вид на консултација со доктор. При користење на оваа услуга нашите клиенти ќе остварат видео повик со некој од општите лекари дел од базата на myteledoc.app кој ќе биде достапен во дадениот момент кога е потребен лекарски совет. Оваа апликација истовремено овозможува и препишување на валидни рецепти интернационално признати за потребните лекарства, што во даден момент без оглед дали се наоѓаме во матичната земја или во странство можеме лесно и брзо да пристапиме кон набавка на потребните лекарства, што секако при дадена здравствена состојба може да биде исто така од исклучителна важност во интерес на времето, навремен третман со соодветни лекарства на конкретната здравствена состојба.
Дополнително нашите клиенти ќе имаат можност да користитат и услуги во делот на специјалистичко второ мислење и тоа од страна на интернационални специјалисти од голем број на земји и широк опфат на сепцијалистички обасти, достапни преку базата на diagnose.me каде што самостојно ќе го изберат лекарот специјалист од соодветната област за која што постои потреба да се спроведе второ специјалистичко мислење за конкретно иницијално поставена здравствена дијагноза.
Овие услуги се во целост развиени во соработка со нашиот партнер провајдер од Австрија myteledoc.app односно diagnose.me како официјален партнер на компаниите дел од осигурителната групација Виена Иншуренс Груп, односно официјален партнер во сегментот Телемедицина на најголемата осигурителна групација на пазарите на Централна и Источна Европа.
Користењето на TeleDoc секако ќе овозможи повеќекратни бенефити за нашите осигуреници:
- Анамнеза на основ на утврдени здравствени протоколи
- Препорака за понатамошно постапување во врска со здравствената состојба
- Советување во врска со одредени симптоми, дијагнози, лекарства
- Препорака за спроведуваење на медицински терапии и рехабилитации
- Објаснување на медициснки поими, дијагнози, читање на резултати од извршени лабараторски услуги (крвна слика, уринокултура, брис)
На крајот секако треба да напоменеме, дека Телемедицината не ја заменува потребата од физичка посета на здравствени установи, туку претставува комплементарна поддршка во грижата за здравјето преку брз или лесен пристап до првично лекарско советување во врска со одредена здравствена состојба.
Осигурување магазин:Како до општо подигнување на задоволството кај осигурениците, односно креирање на позитивно корисничко искуство со осигурителните компании.
О.Нелковски:Имајќи во предвид дека осигурувањето како дејност дел од финансисиот сектор, е строго контролирана од страна на соодветното регулаторно тело, па согласно истото сите комапнии на пазарот фунционираат по јасно утврдени правила на игра.
Согласно моето досегашното искуство во осигурителната дејност, генерално подигнување на задоволството кај осигурениците, односно креирање позитивно корисничко искуство, лежи во потребата од што поголемо усогласување на очекувањата на осигурениците од склучената полиса со реалното фактичко покритие и бенефитите на самата полиса, односно условите под кои што истата е склучена.
Имено пред секое склучување на полиса, задолжителна е потребата од детално разгледување на покритијата и условите по кои што истата треба да биде склучена, и секако за сите нејаснотии поврзани со терминологијата и дефиницииите осигурениците треба да се обратат кај соработникот од страна на компанијата или пак посредникот во процесот, и тоа онолку пати се додека не добијат јасна слика за покритието кое го обезбедува потенцијалната полиса и под какви услови истото би се активирало. Само така ќе имаме јасни очекувања и што е можно поусогласено толкување на осигурените настани и покритијата за истите од двете договорни страни во целокупниот процес на осигурување.
Бидејќи, во пракса доколку имаме состојба на разлики во очекувањата на осигуреникот од покритието на самата полиса од една страна (поради неправилно толкување на истото) и фактичкото покритие на самата полиса од друга страна, подобар епилог е да нема склучување на истата отколку самиот договор за осигурување да понатаму биде основ за креирање на незадоволство и понатамошни импликации во релацијата помеѓу осигурувачот и осигуреникот, односно подобро е да имаме сценарио на нереализирана продажба отколку сценарио на реализирана т.н. лоша продажба, што е генерално мој став за процесот на продажба а особено во сегментот на услуги во кои што процес клиентите иницијално купуваат одреден вид на хартија од вредност од која што реалниот бенефит би го увиделе единствено во случај на настапување на наведените осигурани (несакани) настани, под точно дефинирани услови.
Осигурување магазин:Огнен за крај,што мислите за нашиот портал,за нашата идеjа да ја подигнеме свеста за осигурувањето во Македонија?
О.Нелковски:Порталот Осигурување Магазин е секако одлично освежување и генерално во сегментот на бизнис портали, но особено важно за нас со вашата специјализација во осигурителната дејност.
Имено сите ние како учесници во осигурителната дејност без оглед на улогата во која се наоѓаме (осигурувач, осигуреник, канал на продажба, регулаторно тело, образовна институција, специјализиран портал од областа, и сите други индиректни учесници во истата), мораме да работиме на подигнување на свеста од потребата за што поголема застапеност и практикување на осигурителни продукти од незадолжителните класи на осигурување во секојдневниот живот.
Просторот за напредок на ова поле е огромен, така што останува сите ние заеднички да бидеме иновативни, да овозможиме што е можно “попластично” прикажување на бенефитите од практикувањето на барем дел од незадолжителните осигурителни продукти, односно да го прикажеме и реалниот секојдневен ризик од непрактикување на истите, преку формални и неформални начини на комуникација кои што може понатаму дополнително да се развиват во различни тематски работилници, редовни онлајн видео презентации, интервјуа со директни и индиректните учесници во осигурителната дејност, прикажување на кориснички искуства, конкретни насоки и советувања, дебати, итн., се со една цел што е можно поголемо доближување на осигурувањето до широката популација и креирање на здрави навики за истото.
- Published in Винер во медиумите
Одбележан 5 jуни – Светскиот ден на животната средина
По повод светскиот ден на животната средина – 5 јуни, Друштвото за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје одржа еко акција во повеќе градови низ земјата, како една од мерките против загадување на природата под мотото #BeatPlasticPollution, во која учествуваа вработените и менаџментот на Друштвото, а во насока на изнаоѓање решенија против загадувањето со пластичен отпад. Со одржување на еко акцијата, Друштвото, преку спроведување на политиките на Виена Иншуренс Груп, уште еднаш ја потврдува својата заложба за подобрување на животната средина, со поттикнување на свестта кај граѓаните за заштита на природата и создавање на одржлива иднина за следните генерации. Друштвото, во насока на одговорно општествено работење и водејќи се според правото на чиста и здрава животна средина како фундаментално граѓанско право, чие целосно и доследно почитување претставува услов за подобро здравје, има за цел да постави нови, повисоки стандарди во своето корпоративното управување и да придонесе за поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Светскиот ден на животната средина е креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот и има за цел да ги охрабри луѓето ширум светот да преземаат чекори за заштита на животната средина и да водат грижа за планетата.
- Published in настани и новости
Известување за статусна промена – присоединување
Статусна промена – присоединување, при што Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје (како друштво што се присоединува) ќе се присоедини кон Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп (како друштво што презема).
- Published in настани и новости
„Скопје трча“
Во насока на подигнување на свеста за водење на здрав и активен живот, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, учествуваше во седмото издание на традиционалната трка “СКОПЈЕ ТРЧА”, која се одржа на 07.05.2023 година во Скопје.
Честитки до сите учесници!
- Published in настани и новости
„Играме заедно пак“
Тимот на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, во насока на зголемување на свеста за лицата со посебни потреби, меѓу кои и лицата со аутизам, на 07.05.2023 година зеде учество во одбележувањето на денот на аутизмот.
За таа цел, тимот на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје на настанот „Играме заедно пак“, преку дружба, насмевки и прегратки, сподели многу љубов со учесниците и стекна многу нови пријателства.
Во насока на прифаќање, почитување и инклузија во секојдневните општествени активности, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје континуирано ги поддржува сите активности и иницијативи со цел подобрување на секојдневието на лицата со посебни потреби, меѓу кои и лицата со аутизам затоа што сите ги заслужуваме истите права.
Нашата компанија ориентирана кон подржување на Целите за одржлив развој (SDG) и во насока на нивна промоција, со оваа активност придонесе кон исполнување на SDG број 3 – „Добро здравје и благосостојба и SDG број 10 “Намалена нееднаквост”.
- Published in настани и новости
Посета од учениците од СЕПУГС „Васил Антевски -Дрен“
По повод Глобалната недела на парите со годинешна тема „Планирај ги своите пари, гради ја својата иднина!“ (Plan your money, plant your future), учениците од втора година во СЕПУГС „Васил Антевски -Дрен“ го посетија седиштето на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, со цел запознавање на учениците со делокругот на работењето на Друштвото.
Учениците, во директна комуникација со Претседателот на Управниот одбор Климе Попоски и секторските директори, беа информирани како се реализираат процеситe во една осигурителна компанија, при што имаа можност подетално да се запознаат со целокупниот процес на работа и активностите во еден работен ден.
На овој начин, преку несебично споделување на знаења и едукацијата на младите, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во континуитет продолжува да помага во одржлив развој на општеството.
- Published in настани и новости
ДЕН НА КУЛТУРАТА ВО ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје
Промовираме литература на работно место
Како дел од политиката на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во насока на одговорно корпоративно работење и остварување долгорочен одржлив напредок и развој на општеството, како и грижа према вработените, во просториите на Дирекцијата на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје на 10 март беше одржана заедничка дружба – книжевно матине. На настанот присуствувше поетесата и писателка Кристина Краличин, која ја претстави својата прва издадена прозна книга „Дното на моето небо“ и најдобриот млад научник во хуманистичките науки – Иван Антоновски, кој пред присутните ја претстави својата книга „Идентитетот е приказна“, издадена по повод 70 години од раѓањето на драмскиот писател и есеист Горан Стефановски. Како дел од осмомартовското празнување, на дамите присутни на настанот им беа подарени примероци од романот „Доното на моето небо“, а во насока на поддршка на талентирани лица во нашата земја, Друштвото финансиски ќе го поддржи патувањето на Иван Антоновски во Париз, Франција, како дел од чествувањето на јубилеите – 100 години од раѓањето на еден од основоположниците на современата македонска поезија – Ацо Шопов и 50 години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО). Корпоративната општествена одговорност на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје е во согласност со Десетте принципи на Глобалниот договор на Обединетите нации и воедно ги следи позитивните примери од домашната и од светската пракса.
- Published in настани и новости
ОГЛАС ЗА НАБАВКА НА СТРУЧНИ И КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ ВО ОБЛАСТА НА ESG
Опис: Обезбедување стручни и консултантски услуги од страна на експерт во областа на ESG/ Environmental, Social, and Governance како Консултант за потребите на Акци онерското друштво за осигурување ВИ Н ЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје (Друштвото).
Надворешниот консултант треба да обезбеди стручна и професионална помош на Друштвото, во областа на менаџирање со критериумите за животна средина, општествено и корпоративно управување (ESG), кои меѓу другото се однесуваат на унапредување на односите со вработените, клиентите, соработниците и заедни цата во целина, зголемена заштита на здравјето на вработените и подобрување на условите за работа ; зголемување на за штитата на животната средина, спречување н а деградација на животната средина како резултат н а работењето на Друштвото; подобрување н а позитивните еколошки и социјални резултати; обезбедување на потребна интерна регулатива и нејзина усогласеност со регулативата за ESG во рамките н а РСМ и усогласеност со меѓународна регулатива.
Целиот оглас може да го најдете тука.
- Published in Огласи