„Eдукативeн летен камп на децата со канцер и нивните мајки“
Тимот на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, во насока на поддршка на децата со канцер и нивните родители, на 07.07.2023 година зеде учество во „Едукативниот летен камп на децата со канцер и нивните мајки“ во одморалиштето на Црвениот Крст во Струга.
На настанот тимот на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје одржа обука со цел мајките на децата со канцер да бидат поконкурентни на пазарот за труд и им понуди на сите заинтересирани мајки да им обезбеди помош при стекнувањето на знаење во областа на осигурувањето и истовремено да ги сноси сите трошоци за стекнување Лиценца за застапник во осигурувањето за нив.
Во насока на прифаќање, почитување и инклузија во секојдневните општествени активности, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје континуирано ги поддржува сите иницијативи со цел подобрување на секојдневието на сите.
ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје како компанија е ориентирана кон поддржување на Целите за одржлив развој (SDG) и во насока на нивна промоција, со оваа активност придонесе кон исполнување на SDG број 1 – „Сузбивање на сиромаштијата“, SFG број 5 – „Родова еднаквост“, SDG 8 – „Одржлив инклузивен економски развој“ и SDG број 10 „Намалена нееднаквост”.
- Published in настани и новости
Одбележан 5 jуни – Светскиот ден на животната средина
По повод светскиот ден на животната средина – 5 јуни, Друштвото за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје одржа еко акција во повеќе градови низ земјата, како една од мерките против загадување на природата под мотото #BeatPlasticPollution, во која учествуваа вработените и менаџментот на Друштвото, а во насока на изнаоѓање решенија против загадувањето со пластичен отпад. Со одржување на еко акцијата, Друштвото, преку спроведување на политиките на Виена Иншуренс Груп, уште еднаш ја потврдува својата заложба за подобрување на животната средина, со поттикнување на свестта кај граѓаните за заштита на природата и создавање на одржлива иднина за следните генерации. Друштвото, во насока на одговорно општествено работење и водејќи се според правото на чиста и здрава животна средина како фундаментално граѓанско право, чие целосно и доследно почитување претставува услов за подобро здравје, има за цел да постави нови, повисоки стандарди во своето корпоративното управување и да придонесе за поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Светскиот ден на животната средина е креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот и има за цел да ги охрабри луѓето ширум светот да преземаат чекори за заштита на животната средина и да водат грижа за планетата.
- Published in настани и новости
Известување за статусна промена – присоединување
Статусна промена – присоединување, при што Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје (како друштво што се присоединува) ќе се присоедини кон Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп (како друштво што презема).
- Published in настани и новости
„Скопје трча“
Во насока на подигнување на свеста за водење на здрав и активен живот, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, учествуваше во седмото издание на традиционалната трка “СКОПЈЕ ТРЧА”, која се одржа на 07.05.2023 година во Скопје.
Честитки до сите учесници!
- Published in настани и новости
„Играме заедно пак“
Тимот на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, во насока на зголемување на свеста за лицата со посебни потреби, меѓу кои и лицата со аутизам, на 07.05.2023 година зеде учество во одбележувањето на денот на аутизмот.
За таа цел, тимот на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје на настанот „Играме заедно пак“, преку дружба, насмевки и прегратки, сподели многу љубов со учесниците и стекна многу нови пријателства.
Во насока на прифаќање, почитување и инклузија во секојдневните општествени активности, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје континуирано ги поддржува сите активности и иницијативи со цел подобрување на секојдневието на лицата со посебни потреби, меѓу кои и лицата со аутизам затоа што сите ги заслужуваме истите права.
Нашата компанија ориентирана кон подржување на Целите за одржлив развој (SDG) и во насока на нивна промоција, со оваа активност придонесе кон исполнување на SDG број 3 – „Добро здравје и благосостојба и SDG број 10 “Намалена нееднаквост”.
- Published in настани и новости
Посета од учениците од СЕПУГС „Васил Антевски -Дрен“
По повод Глобалната недела на парите со годинешна тема „Планирај ги своите пари, гради ја својата иднина!“ (Plan your money, plant your future), учениците од втора година во СЕПУГС „Васил Антевски -Дрен“ го посетија седиштето на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, со цел запознавање на учениците со делокругот на работењето на Друштвото.
Учениците, во директна комуникација со Претседателот на Управниот одбор Климе Попоски и секторските директори, беа информирани како се реализираат процеситe во една осигурителна компанија, при што имаа можност подетално да се запознаат со целокупниот процес на работа и активностите во еден работен ден.
На овој начин, преку несебично споделување на знаења и едукацијата на младите, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во континуитет продолжува да помага во одржлив развој на општеството.
- Published in настани и новости
ДЕН НА КУЛТУРАТА ВО ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје
Промовираме литература на работно место
Како дел од политиката на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во насока на одговорно корпоративно работење и остварување долгорочен одржлив напредок и развој на општеството, како и грижа према вработените, во просториите на Дирекцијата на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје на 10 март беше одржана заедничка дружба – книжевно матине. На настанот присуствувше поетесата и писателка Кристина Краличин, која ја претстави својата прва издадена прозна книга „Дното на моето небо“ и најдобриот млад научник во хуманистичките науки – Иван Антоновски, кој пред присутните ја претстави својата книга „Идентитетот е приказна“, издадена по повод 70 години од раѓањето на драмскиот писател и есеист Горан Стефановски. Како дел од осмомартовското празнување, на дамите присутни на настанот им беа подарени примероци од романот „Доното на моето небо“, а во насока на поддршка на талентирани лица во нашата земја, Друштвото финансиски ќе го поддржи патувањето на Иван Антоновски во Париз, Франција, како дел од чествувањето на јубилеите – 100 години од раѓањето на еден од основоположниците на современата македонска поезија – Ацо Шопов и 50 години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО). Корпоративната општествена одговорност на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје е во согласност со Десетте принципи на Глобалниот договор на Обединетите нации и воедно ги следи позитивните примери од домашната и од светската пракса.
- Published in настани и новости
Амбасадорот д-р Георг Вуцас во посета на ВИНЕР
На ден 10.01.2023 година, имавме чест и задоволство да бидеме домаќини на д-р Георг Вуцас, австрискиот амбасадор во нашата земја.
Посетата на амбасадорот Вуцас во деловните простории на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје беше организирана со цел негово запознавање со резултатите на нашата компанија, како членка на најголемата австриска осигурителна групација Vienna Insurance Group. Неговата екселенција беше запознаен со моменталните состојби на македонскиот осигурителен пазар и предизвиците од процесите на усогласување со европската регулатива и најдобрите пракси за развој на осигурителниот сектор.
Во текот на посетата амбасадорот имаше можност да ги поздрави вработените и да се запознае со работните процеси и организациската култура во компанијата.
Она што особено нè израдува е што амбасадорот Вуцас по посетата изрази гордост на компанијата, резултатите кои таа ги има остварено низ годините, како и посветеноста на менаџментот и вработените кон општествено одговорното работење, охрабрувајќи и поддржувајќи го таквиот тренд и во иднина.
Длабоко сме убедени дека ќе ја оправдаме неговата доверба, и дека следната средба ќе биде исто толку пријатна и со позитивни импресии од постигнатите резултати.
- Published in настани и новости
Social Active Day во Охрид
Во ноември го посетивме Центарот за воспитно образовна психо-социјална поддршка во Охрид и со задоволство сите заедно помогнавме во разубавање на дворот и просториите на Центарот. Не само заради донаторската акција на Винер Осигурување за уредување на просторот во кој ќе работи центарот, туку и затоа што сакавме несебично да помогнеме како тим и вработени на некого на кого му е потребна помош.
Поминавме прекрасни и незаборавни моменти и создадовме амбиент кој се надеваме ќе им донесе многу среќни и безгрижни моменти на оние кои ќе го користат Центарот.
- Published in настани и новости
Климе Попоски е нов претседател на УО на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје
За претседател на Управниот одбор на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, е назначен Климе Попоски. На предлог на Надзорниот одбор на Vienna Insurance Group (ВИГ) од Виена, Австрија, и по добиена согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Попоски ја презеде функцијата генерален директор, од 15. ноември, 2022 година.
Професионалната кариера на новиот претседател на управата е поврзана со осигурителниот сектор и тоа како универзитетски професор, истражувач и прв Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, функција која ја обавуваше во два мандати во периодот 2009/2019 година. Има објавено голем број на научни и стручни трудови во реномирани научни списанија и предавач на признати Универзитети како што се: Katie School of Insurance & Risk Management, College of Business, Illinois State University, The Dr. William T. Hold/The National Alliance Program за Risk Management and Insurance на Florida State University, St. John’s University, School of Risk Management, во New York, Center for Scientific Interdisciplinary Risk and Sustainability Management при Ostfalia University of Applied Sciences, , International Center for Insurance Regulation, Goethe University, Frankfurt, Humboldt-Universität zu Berlin, Faculty of Economics and Business Administration.
Пред да биде избран за новата функција, Климе Попоски ја обавуваше функцијата член на Надзорен одбор на Винер во периодот ноември 2020/2021 год , а од ноември 2021 беше Советник за стратешки прашања. Попоски е член на Собранието при Стопанската Комора, почесен член на Македонското здружение на актуари, како и на меѓународното здружение на Actuaires du Monde. Од посебно значење е инволвираноста во Asia-Pacific Risk and Insurance Association како член на Бордот на гувернери, како и иницијатор и еден од основачите на новоформираната Eastern Europe Risk Insurance Association.
„ВИГ (Vienna Insurance Group) е водечка осигурителна групација во Централна и Источна Европа, со присуство во 30 земји и поседува преку 50 друштва за осигурување. Наша цел е да бидеме првиот избор за нашите клиенти. Нашите осигуреници гледаат на нас како стабилен и доверлив партнер. Ние им овозможуваме на клиентите да живеат побезбеден и подобар живот. Оваа визија ни овозможува да ги испорачаме нашите ветувања и да придонесиме за нашата позиција како една од водечките компании на македонскиот осигурителен пазар“ – изјави Попоски.
Главни приоритети во неговиот мандат ќе бидат: обезбедување осигурителни решенија за сите потреби на клиентите и со квалитетен и чесен деловен однос да се формира база на лојални корисници и на тој начин да се достигне лидерска позиција на осигурителниот пазар. Деловниот модел на компанијата ќе се заснова на мотивирани и високо профилирани стручни лица, дигитализација на деловните процеси, силна капитална база, понуда на нови иновативни производи и посветеност кон корпоративна општествена одговорност.
- Published in настани и новости