Нови филијали на Винер ќе работат и во сабота
Винер осигурување како компанија е целосно посветена на континуирано обезбедување на супериорна услуга за клиентите, што подразбира и приспособливост на работното време на нивните можности. Од таа причина, уште неколку филијали на Винер го проширија своето работно време и на сабота со цел да бидат уште подостапни за клиентите.
Станува збор за 4 филијали во исто толку градови, кои од март почнуваат да работат согласно следниве работни времиња:
– Битола 6 – од понеделник до петок 08.30 – 16.30, сабота 09.00-14.00
– Велес 2, Ресен и Скопје-Сарај – од понеделник до петок 08.00 – 16.00, сабота 09.00-14.00
Со тоа, овие филијали се приклучија на Дирекцијата на Винер и филијалите Битола 1, Битола 4, Битола 5, Струмица 1, Тетово 2, Гостивар 4, Кичево, Куманово 1, Куманово 2 и Скопје-Чаир 1 кои исто така, работат во сабота. Точните локации на филијалите и нивните контакти можете да ги најдете на овој линк.
Веќе подолго време го бележиме интересот и на граѓаните, но и на вработените во нашите филијали, осигурителните услуги да бидат на располагање и во привиот ден од викендот, поради динамичната работна недела и праксата токму во овој ден да се завршуваат поголемиот дел од административните обврски. Затоа се надеваме дека на овој начин на граѓаните уште повеќе ќе им ги направиме нашите услуги подостапни, а со тоа ќе им помогнеме послободно да располагаат со своето време.
- Published in настани и новости
Винер добитник на признанието Најдобар бренд за 2016
Во изборот на Најпопуларните брендови за 2016, кој се оддржа на 17.02.2017 во ресторанот „Гламур“ во Битола, компанијата Винер Осигурување ја доби наградата за најпопуларен бренд меѓу осигурителните компании. Изборот традиционално го организираше Телевизија Орбис од Битола, а настанот беше посетен од голем број видни личности од Битола и регионот.
Ова е второ вакво признание за Винер, по минатогодишната награда за Најдобра осигурителна компанија во избор на Битолски Весник, со што уште еднаш се потврди високото реноме на компанијата во Пелагонискиот регион.
Инаку во Битола работат дури 6 филијали на Винер Осигурување, кои од година во година бележат одлични реултати, излегуајќи во пресрет на зголемениот интерес на граѓаните за продуктите на компанијата. Промовирајќи ги деловните принципи на брендот, кои се темелат на супериорна услуга на клиентите и динамично решавање на штетите, тимот на Винер во Битола заслужено е на врвот меѓу осигурителните компании во овој регион.
Наградата добиена на манифестацијата Најпопуларни брендови е мотивација повеќе за нашите вработени да продолжат со одличната услуга на клиентите во секој поглед и да го задржат реномето на најпочитувана осигурителна компанија во овој регион и пошироко.
Покрај присуството на наши вработени од битолските филијали, на настанот беа поканети и најлојалните клиенти на компанијата од Битола, со што уште еднаш им се укажа благодарност на подарената доверба.
- Published in настани и новости
Награда за Сајт на годината во категоријата финансиски услуги за Винер
На 7-то по ред доделување на наградите за најдобри веб-страници во Македонија, кое се одржа во Македонската опера и балет, Винер Осигурување доби награда за најдобар сајт во категоријата Најдобар сајт за Финансиски услуги.
Наградите беа доделувани според неколку критериуми, во избор на жири комисија, која ги оценуваше сајтовите според нивните технички параметри, дизајнот, функционалноста, содржината и интерактивноста. Во категоријата Финансиски услуги, Банкарство и Осигурување, Винер ја освои втората награда, зад НЛБ Тутунска Банка.
Својата нова веб-страница Винер ја промовираше во октомври 2016 година. Истата е прилагодена на потребите на клиентите во динамичното секојдневие кое се потпира на дигиталниот пристап до услуги и информации. Веб страницата изобилува со функционалности кои ќе им помогнат на клиентите при пресметка на цената на нивното осигурување, при пронаоѓање на најблиската локација на Винер, пријавата на штети, добивање на било каква информација и закажување термин и локација за подигнување на полиса за да се заштеди нивното време.
Од Винер најавуваат и збогатување на содржините со онлајн продажба на полиси, пред сѐ патничко и домаќинско осигурување во најскоро време.
Инак, изборот на Сајт на Годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.
- Published in настани и новости
Одржана Годишната конференција на Винер
На 17-ти ноември во Скопје, во салата Сити Хол, се одржа Годишната конференција на Винер Осигурување. На конференцијата присуствуваа околу 200 вработени од над 80 филијали на компанијата.
Од страна на директорите на соодветните области беа представени тековните резултати, новитетите во поглед на процесите и бизнис моделите, како и најновите технолошки унапредувања на компанијата. Клучната информација презентирана на конференцијата беше дека во тековната 2016 година е остварена рекордна полисирана премија, која до крајот на годината ќе ја надмине бројката од 800 милиони денари, што е најдобар резултат во историјата на компанијата.
На Конференцијата беа доделени и 10 награди во исто толку категории за вработените, како поддршка и уважување на одличните резултати прикажани во изминатата година.
Во насока на подигнување на деловната култура во рамки на компанијата, беа поканети и гости предавачи кои зборуваа на актуелни теми, важни за унапредување на работното секојдневие. Петар Лазаров од МАМА`s зборуваше за напредни продавачки вештини, додека Даниел Трбогазов од МојТренер.мк оддржа предавање за здрава исхрана, правилно седење и вежби наменети за луѓе кои најголемиот дел од работнот време го поминуваат во седење.
- Published in настани и новости
Донаторска акција на Винер во СОС Детско село
По повод јубилејот на СОС Детско село Македонија, кое слави 15 години постоење и посветена работа, грижа и љубов кон децата без родители и децата во социјален ризик, Винер Осигурување и Шпаркасе Банка покренаа голема донаторска акција проследена со волонтерски активности на вработените од двете компании за подобрување на условите за штитениците од селото.
Оваа акција е во склоп на стратегијата на Управата на СОС Детско село оваа година главен акцент да стави на подобрување на животните услови на децата, реновирање на семејните куќи, промена на прозорци, фасади и сл. активности кои се од голема важност за подобрување на квалитетот на живеење на овие деца кои се најранлива група во општеството.
За таа цел, Винер Осигурување заедно со Шпаркасе Банка Македонија ја обезбедија потребната финансиска поддршка за бојадисување на внатрешните ѕидови на 11 семејни куќи, со што се овозможи освежување, дезинфекција и разубавување на животниот простор на децата. Почетокот на оваа донаторска акција беше обележен со посета на вработените од овие две компании на СОС Детско село, каде заедно со децата ги бојадисаа оградите и детскиот забавен парк, го уредија дворот со садници, имаа заеднички појадок и многу дружење.
Винер Осигурување во континуитет ја продолжува и развива својата стратегија за општествена одговорност преку реализација на бројни проекти кои се наменети за поддршка на социјално ранливи категории на лица, децата без родители и родителска грижа, старите лица, како и развојот на спортот и културата во државата. Соработката со СОС Детско село ја започнуваме за прв пат оваа година и са надеваме дека ќе продолжи и во иднина.
- Published in настани и новости
Македонија 2025 – конференција поддржана од Винер
На 16 јуни во палатата Кајзерхаус во Виена, организацијата Македонија2025 одржа прием чија цел беше да се зближат и запознаат претставници на професионалната македонска дијаспора од Европа и да се промовираат можностите за инвестирање и соработка во Република Македонија. Приемот беше одбележан со присуство на над 100 гости и говорници кои исполнуваат важни функции во светски институции, банки, финансиски и осигурителни друштва, како и претставници на домашни компании и странски инвестиции во Македонија.
Имајќи го предвид значајот на оваа манифестација за унапредувањето на економскиот сектор, како и фактот дека Винер е една од најуспешните инвестиции во Македонија, токму со Австриски капитал, ни беше чест и задоволство да бидеме спонзори на оваа манифестација.
Настанот го отвори ко-основачот на Македонија2025 и успешен претприемач од Канада со македонско потекло, Џон Битов Помладиот. Тој го потенцираше развојот на организацијата во една од водечките која работи во полза на економскиот напредок на Република Македонија.
Приемот во Виена беше одраз на деловните односи помеѓу Македонија и Австрија кои траат повеќе од дваесет години. Со цел да се прошири добрата соработка, на настанот се одржаа и три панел дискусии на кои беа претставени можностите за инвестирање во Македонија од перспектива на инвеститори, беа претставени успешни македонски приказни во бизнис светот глобално, а се разговараше и за потребата од формално и неформално конструктивно промовирање на Македонија пред светот.
На настанот присуствуваше и делегација на Винер Осигурување, а Членот на Управниот одбор на компанијата, м-р Дејан Михајлов ја прими посебната благодарница за поддршката што компанијата ја даде во организацијата на приемот.
- Published in настани и новости
Д-р Зоран Нарашанов избран за нов Претседател на Европската бизнис асоцијација
Eвропската бизнис асоцијација на 20 Мај 2016 го одржа своето редовно Годишно Собрание, на кое членовите на ЕБА одлучуваа и расправаа по повеќе точки меѓу кои усвојување на ревизорскиот Извештај за 2015, усвојување на Извештајот за работење за минатата година, усвојување на буџетот и планот за работа за наредната година. Главна точка на овогодинешното Собрание беше изборот на Претседател на ЕБА и неизвршни членови на Одборот на директори на ЕБА.
Со едногласна Одлука на членовите на ЕБА за нов Претседател на асоцијацијата беше избран г-дин Зоран Нарашанов, Главен извршен директор на Винер Осигурување. Покрај постојните, како нови членови на Одборот на директори на ЕБА беа избрани и г-дин Гоце Вангеловски од Кроација Осигурување и г-дин Арбен Абдурахмани од компанијта Везе Шари.
Г-дин Нарашанов зад себе има големо искуство на раководни позиции. Својата кариера ја гради работејќи и раководејќи широк спектар на проекти во рамките на Програмата за развој при Обединетите Нации и Светската Банка, и извршувајќи највисоки раководни функции во Кјуби и АД Македонски Телекомуникации. На чело на Винер Осигурување, д-р Нарашанов е 8 години, време за кое компанијата под негово раководство повеќекратно гои зголеми пазарниот удел, профитот и бројот на вработени.
Инаку, Европската Бизнис Асоцијација (ЕБА) е независна и непрофитна бизнис заедница составена од европски претпријатија и поединци кои работат во земјата, од домашните претпријатија и поединци кои работат со ЕУ, како и невладини организации кои имаат интерес во промовирањето на економијата во земјата и социјалниот развој, како и негување на односите на земјата со ЕУ.
- Published in настани и новости
Д-р Зоран Нарашанов и актуелниот УО на чело на Винер и во следните 4 години
Надзорниот одбор на Винер – Виена Иншуренс Груп, на чело со г-дин Петер Хофингер, инаку член на Управниот одбор на Виена Иншуренс Груп, донесе едногласна одлука управувањето на компанијата и во иднина да му го довери на д-р Зоран Нарашанов. Во наредните 4 години тој останува Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на Винер, во кој нови мандати добија и докажаните актуелни членови – м-р Дејан Михајлов, Потпреседател на УО и г-дин Насер Зенку.
Во образложението на оваа одлука, Надзорниот одбор на Винер истакна дека компанијата своите најголеми успеси ги постигнала токму под водство на г-дин Нарашанов и дека зголемувањето на пазарниот удел за 6 пати, а на профитот за 3 пати откога тој е на чело на Винер, се најдобар показател за неговите врвни менаџерски способности.
Инаку, ова ќе биде трет последователен мандат на актуелниот Управен одбор на чело на Винер. Постигнатите резултати во изминатите 2 мандати покажуваат дека под водство на овој УО компанијата драстично ги зголеми приходите и профитот, го удвои бројот на вработени и стигна до рекордни 80 експозитури. При тоа беа зголемени капиталните инвестиции на компанијата за три пати, и беше обезбедена супериорна реосигурителна програма за клиентите. Само оваа година, Винер Осигурување забележа профит зголемен за 300% во однос на ланскиот.
Во обраќањето по повод новиот мандат, Генералниот директор на Винер, д-р Нарашанов ја истакна посветеноста и професиоалноста на вработените како најважен фактор за остварените резултати.
„Во изминатите два мандати со мојот менаџерски тим успеавме да создадеме бренд кој мошне брзо се зацврсти на врвот на осигурителниот пазар и стана препознатлив по дополнителната вредност која им ја нуди на клиентите преку супериорната услуга, максималната сигурност и најбрзото решавање и исплата на штетите. Тоа го постигнавме благодарејќи на професионалноста и посветеноста на нашите вработени, кои го вложуваат целокупниот личен и деловен капацитет во задоволството на клиентите. Моите планови за третиот мандат се да го потврдиме статусот на водечки осигурителен експерт и дефинитивно да се издвоиме како компанија со убедливо најголем пазарен удел. Токму тимот кој стои зад мене и довербата која секојдневно ја добиваме од клиентите се гаранција дека ќе го оствариме зацртаното.“ – изјави тој во оваа пригода.
- Published in настани и новости
Винер Осигурување со низа активности околу загадувањето
Од Винер Осигурување најавија низа активности за подигнување на свеста во рамки на компанијата и бизнис заедницата во целина, како и меѓу активните возачи, за состојбата со загадувањето и неопходноста од преземање мерки за истата.
Менаџментот на компанијата донесе одлука на сите вработени кои ќе се решат да користат јавен превоз за да стигнат од дома до работното место и обратно, целосно да им ги покрие трошоците за превоз. Винер Осигурување ќе набави билети за јавен превоз кои ќе бидат наменети за сите вработени кои ќе решат наместо со возило на работа да одат со редовните автобуски линии.
Истовремено, од страна на менаџментот на Винер упатена е стриктна препорака до сите вработени кои се користат со службени возила да го оптимизираат доаѓањето и заминувањето од работното место, со цел максимално да го искористат капацитетот на возилата за превезување на колеги во периодите кога вредностите на загадувањето се најголеми. На тој начин уште еден дел од службените и приватните возила кои ги користат вработените во Винер нема да учествуваат во сообраќајот во овие критични периоди од денот кога загадувањето е најголемо.
„Иако интерните мерки се однесуваат на нешто над 200 вработени и околу 30 возила, и на краток рок нема да донесат значајна промена, се надеваме дека ќе влијаат на свеста за загадувањето и одговорноста на секој од нас, и како поединци и како компании. Наша цел е да бидеме активни чинители, наместо пасивни набљудувачи и да понудиме модел кој доколку биде широко прифатен од бизнис заедницата, веруваме ќе направи видлива разлика.“ – изјави д-р Зоран Нарашанов, Генерален директор на Винер Осигурување „Истовремено, да не заборавиме дека природата на нашиот бизнис е таква што ни дава можност да допреме до огромен број активни возачи и да ја пренесеме до нив пораката за важноста на подигнувањето на свеста за загадувањето. Имаме намера да го искористиме тоа максимално бидејќи е од корист за целото општество.“ – додаваат од Винер Осигурување
Во таа насока, во план се и информативни летоци кои ќе бидат делени на сите клиенти кои вадат полиси за нивното возило во Винер, во кои ќе бидат наведени совети за рационално користење на возилата со цел да се придонесе за намалување на нивото на штетни издувни гасови.
Од компанијата уште додадоа дека набавиле посебни маски со филтри за воздух, наменети за сите оние кои поминуваат подолг период на отворено во местата каде загадувањето е најголемо, а посебно за велосипедистите кои и во овој период го користат велосипедот како превозно средство. Маските можат да се подигнат бесплатно во филијалите на Винер.
- Published in настани и новости