ВИНЕР НА НОВА АДРЕСА
Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 20.07.2022 година е извршена измена на седиштето на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје.
Новото седиште каде што е лоцирана Дирекцијата на Друштвото е на адреса:
ул. Железничка бр.41,
1000 Скопје
Физички прием на клиентите и деловните соработници во новото седиште на Друштвото ќе биде од 01.08.2022 година.
Исто така, ве известуваме дека сите останати информации (ЕМБС, даночен број, жиро-сметки, телефон и e-mail адреса) остануваат непроменети. Дирекцијата на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје, како и досега, останува целосно посветена на обезбедување на брза и ефикасна услуга во однос на сите Ваши потреби и прашања како клиенти и деловни партнери на Друштвото.
Со почит,
Акционерското друштво за осигурување
ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје
- Published in деловни резултати, настани и новости
Винер Осигурување со рекордни 800 милиони денари премија и 120.000 клиенти
Винер – Виена Иншуренс Груп Скопје ја заврши деловната 2016 со рекордна премија која надминува 800 милиони денари, со што го оствари најдобриот резултат во историјата, забележувајќи раст од речиси 2 милионa евра во однос на претходната година. Истовремено, продажната мрежа на компанијата достигна бројка од 85 експозитури во сите градови во државата, кои вкупно опслужија 120.000 клиенти во 2016 година.
„Успехот никогаш не е сигурен, никогаш не е гарантиран. Во основа нашиот и не беше планиран во овој енормен обем. Останавме доследни на нашите заложби да бидеме постојано фокусирани на задоволството на нашите клиенти, а клиентите ја препознаа нашата одговорна работа, нашата посветеност и резултатите едноставно стигнаа“- изјави д-р Зоран Нарашанов, Генерален директор на Винер. ,,Во време на криза неопходно е да имате сериозна и моќна осигурителна компанија бидејќи, ова се времиња во кои не можете да калкулирате со судбината на вашиот имот, бизнис, здравје, одговорност. Едно е повеќе од јасно – за квалитетно осигурување нема алтернатива” – додава тој.
Со супериорното реосигурително покритие, компанијата се позиционираше како вистинско осигурување во Македонија кое без никакви проблеми ја исплати најскапата штета во историјата на домашното осигурување, истовремено останувајќи лидер во дејноста со убедливо најмал број нерешени штети на пазарот.
„Во основата на нашиот успех е беспрекорната услуга на клиентите во сите аспекти, со продукти дизајнирани за реалните потреби на нашите граѓани, со адекватна цена, со динамична исплата на штети и внимателен избор на достапни локации за продажба и пријава на штети. Нашите врати се отворени за вработување на искусни професионалци и млади таленти кои ги ценат овие вредности и имаат квалитет истите да ги унапредат.“ – вели д-р Зоран Нарашанов, Генерален директор на Винер.
- Published in деловни резултати
Винер Осигурување со три пати зголемен профит во 2015
Со завршувањето на третиот квартал и сумирањето на досегашните деловни резултати, осигурителната компанија Винер – Виена Иншуренс Груп информираше дека остварила огромен раст на нејзиниот профит од дури 304% во однос на истиот период изминатата година. Истовремено, компанијата го зголемила нивото на капиталните инвестиции за високи 140 милиони денари споредено со лани.
„Одличните резултати кои во континуитет ги прикажуваме се плод на нашите успешни заложби да обезбедиме врвно ниво на услуга и сигурност за нашите клиенти. Тоа ни го овозможува активното реинвестирање на остварениот профит на компанијата во создавање дополнителна вредност за клиентите која се огледува во најадекватните цени за најопфатно осигурително покритие, најефикасната и најдинамичната исплата на штети и вредните подароци за секоја полиса“ – изјави Генералниот директор на Винер Осигурување, д-р Зоран Нарашанов.
Од компанијата уште истакнуваат дека клучот на нивниот успех е компактниот тим составен од врвни и докажани професионалци во струката и талентирани млади луѓе, кои од ден на ден го вложуваат сиот свој личен и деловен капацитет во задоволството на секој клиент на Винер. Инаку, само оваа година бројот на вработени во компанијата преку проектот „Кариера во Винер“ е зголемен за 30 луѓе, со што вкупниот број на вработени ја надмина границата од 200.
Покрај одличните резултати, годинава за Винер – Виена Иншуренс Груп донесе и уште една позитивна промена. Имено, компанијата започна да работи во уште поголеми простории лоцирани на Бул. Борис Трајковски, кои се подостапни за клиентите и соодветствуваат на динамичниот развоен план на компанијата.
- Published in деловни резултати