ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Домот е јадрото на сечие семејство. Имајќи го тоа предвид, како и фактот колку е потребно да дојдете до дом, а пред сѐ до живеалиште кое е по мерка на вашето семејство, јасно е дека сигурноста на домот треба да биде еден од врвните приоритети на секое семејство.

Затоа тука е нашето домаќинско осигурување, креирано според вашите потреби и можности. Ова домаќинско осигурување ги покрива најголемиот дел од ризиците кои се однесуваат на градежниот дел на домот, како и на стварите кои се во него, во зависност од пакетот за кој ќе се одлучите.

Подолу можете да ги видите пакетите за домаќинско осигурување кои ги нуди ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД и ризиците кои тие ги покриваат.

СМАРТ

Пакетот СМАРТ е наменет за да го заштити само градежниот дел на домот. Овој пакет нуди заштита за минимална премија, за сите оние на кои градбата им е приоритет пред покуќнината.

  • пожар
  • експлозија
  • удар од гром
  • град
  • луња
  • манифестации и демонстрации

ПРЕМИУМ ДОМ

Со ПРЕМИУМ ДОМ пакетот се осигруваат и градежниот дел и стварите во станот од голем дел од ризиците кои им се закануваат. За мошне фер цена со овој пакет Вашиот дом добива оптимална заштита.

  • пожар
  • експлозија
  • удар од гром
  • град
  • луња
  • манифестации и демонстрации
  • паѓање на воздушни летала
  • кражба
  • излевање на инсталации

ПРЕМИУМ ПЛУС

Пакетот ПРЕМИУМ ПЛУС е најкомплетниот пакет за вашиот дом и стварите во него. За мошне фер цена овој пакет ве штити од сите ризици кои можат да Ви нанесат надоместливи материјални загуби.

  • пожар
  • експлозија
  • удар од гром
  • град
  • луња
  • манифестации и демонстрации
  • земјотрес
  • кражба
  • паѓање на воздушни летала
  • излевање од инсталации
  • поплава
  • штети кон соседи
  • нужно сместување

Цената на полисата за домаќинско осигурување зависи од површината на објектот, како и од осигурените ризици на истиот.

Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој се бара надомест за осигурување, осигуреникот е должен:

  • веднаш да ги преземе сите мерки кои се во негова можност за отстранување и намалување на штетата, оштетениот осигурен предмет да го обезбеди од натамошни оштетувања;
  • во најкус рок по дознавањето за штетата, да му пријави на осигурувачот дека на осигурениот објект настанала штета со остварување на осигурен случај и колку е можно побргу, а најдоцна во рок од три дена, писмено да ја потврди пријавата;
  • во сите случаи предвидени со прописите,  а особено кога штетата е предизвикана од пожар, експлозија, кражба, противправно одземање, разбојништво, како и вандализам  и слично, задолжително сите штетни настани да ги пријави во органите на Министерството за внатарешни работи;
  • веднаш по настанувањето на осигурениот случај, односно кога тоа е можно на осигурувачот да даде попис на уништените, односно оштетените ствари со приближно назначување на нивната вредност;
  • до увидот на оштетувањата од страна на претставникот на осигурувачот да не ја промени положбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е нужна во јавен интерес или поради смалување, односно спречување на зголемување на штетата.

Потребни документи за пријава на штетата

  • Пријава за штета / барање за надомест на штета
  • Записник од МВР /доколку е направен
  • Фотокопија од имотен лист
  • Трансакциска сметка / жиро сметка за правни лица
  • Осигурително покритие на полисата
  • Комисики записник за проценка на штетата
  • Слики од штетата на објектот и стварите
  • Документација за поправка и санација
  • Изјава за начинот на случување на настанот
  • Изјава дали лицето е носител на јавна функција

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP