ДОМАШЕН ТРАНСПОРТ

Со осигурувањето на транспорт во домашни услови се покриени сите штети кои настануваат на пратките за време траење на превозот, како што се штети поради сообраќаен удес на превозното средство (судар, удар, превртување), елементарни непогоди (пожар, експлозија, гром), оштетувања кои настануваат поради манипулирање на пратките, како и останатите штети поради транспортните ризици како што се делумна кражба, кражба и неиспорака на цели пакети, покиснување, допир со други предмети и слично.

Осигуреникот при склучување на осигурувањето може да избере помеѓу двете полиси кои се однесуваат на еднократно и повеќекратно вршење на транспортот. Со вадење на поединечна полиса вршителот на превозот обезбедува осигурително покритие кое се однесува на еднократно превезување на одредена стока, додека генералната полиса се однесува на сите пратки кои превозникот ќе ги спроведе во текот на одреден период, најчесто за време на една календарска година.

За да изработиме полиса за транспорт потребно е да се пополни пријава за транспорт во која се наведуваат сите потребни податоци за превозникот, релацијата, робата која се превезува, начинот на транспорт и видот на покритие. Пријавата се пополнува и се заверува, па врз основа на неа се изработува полисата.

Цената на полисата за домашен транспорт зависи од тоа дали полисата е за еден транспорт или станува збор за полиса за генерален транспорт која важи за целата година. Исто така, кај двата типа на полиси цената зависи од вредноста на робата која се превезува.

Упатство за пријава на штета

  • Осигуреникот е должен во случај на штета да ги преземе следните дејствија:
  • Веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, на најбрз можен начин (телефон,телефакс, е-mail) да го извести осигурувачот за штетниот настан и истото писмено да го потврди
  • Видливите оштетувања да ги констатира веднаш со записник при приемот на пратката во присуство на превозникот и осигурувачот и по потреба да ангажира стручни лица од други организации, судски вештаци или контролни куќи
  • Оштетените предмети да ги смести во соодветни простории во зависност од пратката, а ако се работи за лесно расиплива стока веднаш да организира продажба во согласност со осигурувачот
  • Да преземе мерки за смалување на штетата и да го зачува регресното право на осигурувачот спрема одговорнитепричинители на штетата
  • Да ги преземе оштетените предмети
  • Да ги почитува упатствата на осигурувачот
  • Да дава ажурни и точни податоци за остварениот промет што е предмет на осигурување.

Потребни документи за прјава на штетата

Доколку превозот се врши со сопствени возила :

  •  Барање за надомест на штета
  • Доказ за осигурување – полиса за осигурување со во целост платена премија
  • Испратница (фактура) која се однесува на стоката која бил предмет на транспорт со уредно наведен датум и место на тргнување и релација на превозот за докажзување на сопственоста или евентуалната поврзаност на осигуреникот со стоката
  • М1 и М2 (КОПИЈА) од возачот на возилото за докажување дека истиот е уредно вработен кај осигуреникот
  • Собракајна дозвола (КОПИЈА) од возилото за докажување дека возилото е во сопственост на осигуреникот кое исто така мора да биде означено дека се користи за ЗА ПРЕВОЗ ЗА СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ
  • Уредно пополнет патен налог
  • Записник за Штета
  • Записник од орган на полиција ако се работи за штета од сообракајна незгода и кражба

 

Доколку превозот се врши со превозник со лиценца за домашен јавен превоз на стоки:

  •  Барање за надомест на штета
  • Доказ за осигурување – полиса за осигурување со во целост платена премија
  • Испратница (фактура) која се однесува на стоката која бил предмет на транспорт со уредно наведен датум и место на тргнување и релација на превозот за докажзување на сопственоста или евентуалната поврзаност на осигуреникот со стоката
  • Извод од лиценца (КОПИЈА) на превозникот
  • Уредно пополнет патен налог
  • Домашен Товарен Лист
  • Записник за Штета
  • Записник од орган на полиција ако се работи за штета од сообракајна незгода и кражба
  • Доставените документи треба да се во оригина

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP