Донаторска акција на Винер во СОС Детско село

by / / настани и новости

По повод јубилејот на СОС Детско село Македонија, кое слави 15 години постоење и посветена работа, грижа и љубов кон децата без родители и децата во социјален ризик, Винер Осигурување и Шпаркасе Банка покренаа голема донаторска акција проследена со волонтерски активности на вработените од двете компании за подобрување на условите за штитениците од селото.

Оваа акција е во склоп на стратегијата на Управата на СОС Детско село оваа година главен акцент да стави на подобрување на животните услови на децата, реновирање на семејните куќи, промена на прозорци, фасади и сл. активности кои се од голема важност за подобрување на квалитетот на живеење на овие деца кои се најранлива група во општеството.

За таа цел, Винер Осигурување заедно со Шпаркасе Банка Македонија ја обезбедија потребната финансиска поддршка за бојадисување на внатрешните ѕидови на 11 семејни куќи, со што се овозможи освежување, дезинфекција и разубавување на животниот простор на децата. Почетокот на оваа донаторска акција беше обележен со посета на вработените од овие две компании на СОС Детско село, каде заедно со децата ги бојадисаа оградите и детскиот забавен парк, го уредија дворот со садници, имаа заеднички појадок и многу дружење.

Винер Осигурување во континуитет ја продолжува и развива својата стратегија за општествена одговорност преку реализација на бројни проекти кои се наменети за поддршка на социјално ранливи категории на лица, децата без родители и родителска грижа, старите лица, како и развојот на спортот и културата во државата. Соработката со СОС Детско село ја започнуваме за прв пат оваа година и са надеваме дека ќе продолжи и во иднина.

  • Pin It
TOP