
Тимот на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, во насока на поддршка на децата со канцер и нивните родители, на 07.07.2023 година зеде учество во „Едукативниот летен камп на децата со канцер и нивните мајки“ во одморалиштето на Црвениот Крст во Струга.
На настанот тимот на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје одржа обука со цел мајките на децата со канцер да бидат поконкурентни на пазарот за труд и им понуди на сите заинтересирани мајки да им обезбеди помош при стекнувањето на знаење во областа на осигурувањето и истовремено да ги сноси сите трошоци за стекнување Лиценца за застапник во осигурувањето за нив.
Во насока на прифаќање, почитување и инклузија во секојдневните општествени активности, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје континуирано ги поддржува сите иницијативи со цел подобрување на секојдневието на сите.
ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје како компанија е ориентирана кон поддржување на Целите за одржлив развој (SDG) и во насока на нивна промоција, со оваа активност придонесе кон исполнување на SDG број 1 – „Сузбивање на сиромаштијата“, SFG број 5 – „Родова еднаквост“, SDG 8 – „Одржлив инклузивен економски развој“ и SDG број 10 „Намалена нееднаквост”.