„ Изминативе 10 години успеавме да креираме интелигентни и рационални осигурителни решенија за нашите клиенти и да ја освоиме нивната доверба преку нашата супериорна услуга, професионалност, посветеност и етика. Постојано ја зголемуваме нашата продажна мрежа, одржувајќи 90 филијали на територијата на Македонија и продолжуваме да ги услужуваме клиентите на најдобар можен начин, затоа што тие се во нашиот секојдневен фокус.
Продолжуваме да функционираме како чесна, искрена, модерна и ефикасна компанија, која е асоцијација за осигурување на пазарот. Нашиот раст и развој ќе продолжи преку зајакнување на личните и продажните решенија, а тоа е она што нѐ води кон просперитетна корпоративна средина, отворена за сите професионалци во областа и за сите млади талентирани лица кои имаат амбиција да изградат кариера во осигурителниот бизнис“ – изјавува нашиот Генерален Директор, Зоран Нарашанов, во интервјуто за списанието XPRIMM – Романија.
Нашиот директор е еден од ретките лидери чие интервју е објавено во оваа реномирана публикација за осигурителните пазари на Централна и Источна Европа, Турција и Русија. Истото можете во целост да го прочитате на следниов линк: https://xprimm.com/Zoran-NARASANOV-CEO-WINNER-Vienna-Insurance-Group-Macedonia-articol-120,121-12427.htm