КАРИЕРА ВО ВИНЕР

Центар за кариера

ВИНЕР Осигурување е осигурителна компанија која е во сопственост на Vienna Insurance Group – Wiener Städtische, една од најголемите осигурителни групации во Централна и Источна Европа, составена од над 50 компании во 25 земји, со 25 илјади вработени, повеќе од 20 милиони задоволни клиенти и традиција преку 190 години во осигурителниот бизнис. Групацијата е рангирана со „А+“ според Standard & Poor’s, што е показател за безбедноста и сигурноста што ја имаат нејзините осигуреници.

Се стремиме да ги привлечеме, мотивираме и задржиме кај себе исклучителните луѓе, покажувајќи почит кон нивната работа и резултати. Веруваме во личната иницијатива, одговорност и тимска работа. Континуирано бараме чесни и вредни луѓе кои се посветени на работата. За тоа овозможуваме најконкурентен систем на наградување и обезбедуваме постојана надградба, едукација и кариера во ВИНЕР, а во рамките на интернационалниот развој и во VIENNA INSURANCE GROUP.

Како компанија со континуиран раст и развој во сите свои сегменти, поради зголемениот обем на работа, ВИНЕР има потреба од искусни и амбициозни луѓе кои заслужуваат да работат во најдобри услови и со најдобри ресурси.

Од таа причина, ВИНЕР повикува да се пријават сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите за следниве позициите:

 

Работно место: Самостоен ликвидатор 

  • Определено време од 3 (три) месеци
  • Полно работно време, понеделник-петок 08.00-16.00 часот

Главни одговорности:

  • Ги планира и реализира своите активности и обврски во соработка со непосредниот претпоставен;
  • Го организира, контролира и води процесот на ликвидација;
  • Комплетирање на предмет со сета потребна документација согласно класата на осигурување за која е задолжен;
  • Утврдување на осигурително покритие;
  • Изготвување на спогодба и допис како и ликвидација на штетата;
  • Барање за одобрување на основ на штети над лимит;
  • Ликвидација на штета;
  • Писмена коресподенција со странки, државни институции и внатре во Друштвото;
  • Контрола на документација, оформување на предмет, внес на податоци;
  • Контрола на полисата, примена на услови за осигурување;
  • Утврдување на основ на штетата, нејзина обработка и комплетирање на предметот;
  • Утврдување на обврски, висина на надоместокот, регресно побарување;
  • Комплетна ликвидација со изработка на налог за плаќање и допис, затворање и архивирање на предмет согласно политиките на Друштвото;
  • Давање стручно мислење по штети, во областа на неговата специјалност;
  • Се грижи за навремено постапување на класата/ите за осигурување за која е ликвидатор;
  • Води сметка за навремено и точно поставување на резевацијата и за истата одговара;
  • Да има исправен и транспарентен статус на штетите по тие класи за кои е ликвидатор;
  • Навремено и брзо да постапува и во рок да ги известува оштетените страни во писмена форма;
  • Презема мерки за остранување на недостатоците утврдени при вршење на работата во подрачјето во кое делува;
  • Во делот на работата како контролор, лицата кои се назначени за контролори ги контролираат сите штети кои ќе бидат доверени од претпоставениот;
  • Навремена исплата на странски штети и точно утврдување на камати за исплата се со цел да се спречат активирања на Гаранти кол за ликвидаторот на штети по Зелена карта;
  • Решавање на каско штети со регреси;
  • Комуникација и добри односи со надлежните институции и органите надлежни за инспекциски надзор согласно и исклучиво препораките и насоките добиени од Работодавачот и го известува Работодавачот за извршените контроли, напатствија, опомени и слично.

Потребни квалификации/искуство:

  1. Високо образование
  2. Работно искуство во струката од 2 години
  3. Познавање на англиски јазик

Компанијата нуди:

  1. Атрактивна плата
  2. Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
  3. Можност за стручни и едукативни обуки
  4. Настани поврзани со поттикнување на тимски дух

Испратете ја Вашата апликација преку електронска пошта на адреса hr@winner.mk, со назнака „Вработување во Сектор за штети“ не подоцна од 08.03.2024 година.

За секој кој сака да биде дел од успешна и стабилна осигурителна компанија, со можноста за кариера и напредок – отворени места за лиценцирани застапници!

Аплицирајте на kariera@winner.mk

Сите останати заинтересирани кандидати за други работни позиции се добредојдени да ги достават своите куси биографии и мотивациски писма на kariera@winner.mk, во било кое време. Тимот на ВИНЕР ОСИГУРУВАЊЕ Ви стои на располагање за какви било дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за електронска пошта.

Најквалитетните ги заслужуваат најдобрите услови. Бидете и Вие дел од тимот на ПОБЕДНИЦИТЕ!

ВАЖНО: Личните податоци кои ни ги доставуваат кандидатите при конкурирањето на отворените огласи кои ги објавува Винер се чуваат за потреби на регрутација и селекција. Доколку некој од кандидатите не се согласува неговите податоци да бидат чувани, треба да го наведе тоа во e-mail пораката при доставувањето на документите, по што податоците ќе бидат избришани од нашата база на податоци во рок од една недела.

НАШАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Еден од столбовите на стратегијата за континуиран и стабилен раст на Винер Осигурување е постојаното вложување во регрутација, селекција и едукација на човечките ресурси. Во секоја од овие фази, компанијата се раководи од иновативни принципи кои нудат пријатно искуство за кандидатите, пријатна работна средина за регрутираните и напредни обуки за вработените.

Во делот на регрутација Винер Осигурување, во најголем дел се потпира на младите талентирани луѓе кои покажуваат интерес за динамична работа и желба за кариера во компанијата. Потпирајќи се на напредните политики за развивање на човечките ресурси, компанијата не ја зема како клучна претходната наобразба и искуство на кандидатите.

Во делот на селекцијата, ново-вработените имаат можност своите афинитети и способности да ги потврдат на соодветни работни задачи, и во координација со одговорните лица за човечките ресурси да го изберат правецот во кој м0жат најмногу да ја развијат својата кариера, односно да постигнат најголем личен и професионален развој.

Во делот на обуката Винер осигурување обезбедува редовни теоретски и практични обуки, внимателно адаптирани на работните задачи на вработените. Покрај редовните обуки во рамки на компанијата, на вработените во Винер на располагање им е можноста за надградени обуки во Австрија во рамки на Виена Иншуренс Груп, Групацијата на која Винер припаѓа.

За квалитетот на управувањето со ЧР, говори и податокот дека над 70% од лицата кои првото работно искуство/пракса ја имале во компанијата останале на работа во Винер. Овие лица сочинуваат над 30% од вкупниот број вработени во компанијата. Тоа зборува за капацитетот на компанијата во развојот на човечките ресурси, но и изборот на Винер меѓу младите како најпосакуван работодавач.

TOP