За да ја разбереме важноста на Каско осигурувањето, потребно е да го имаме на ум следниов пример. Сите знаеме дека секој автомобил регистриран за сообраќај мора да биде осигурен, односно дека за да добиете печат во сообраќајната мора да поседувате полиса. Меѓутоа, само малкумина точно знаат каква е таа полиса и од што нѐ осигурува.
Полисата за регистрација е полиса за автоодговорност, што значи дека со неа се осигурува вашата одговорност како возач во случај да нанесете штета на трето лице, односно на друг автомобил. Во тој случај, наместо вас, трошоците за поправка ги сноси осигурителната компанија.
А кој ќе го поправи вашиот автомобил? Полисата за регистрација се однесува само на возилото на оштетениот, но не и на возилото на причинителот. Токму тука доаѓа до израз важноста на Каско полисата.
Каско полисата се однесува исклучиво на вашето возило и ги покрива штетите настанати при сообраќајна незгода во која вие сте причинителот на штетата, како и штетите настанати поради временски непогоди, удар од предмет и злонамерни постапки како кражба или намерно оштетување.
Во зависност од пакетот којшто ќе го изберете, со Каското на ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД, можете да го заштитите Вашето возило од уништување или оштетување предизвикано од следните ризици:
- Сообраќајна незгода
- Пожар, удар на гром, експлозија
- Временски непогоди (луња, град, снежна лавина)
- Кражба, противправно одземање и разбојништво
- Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство
- Злонамерни постапки
- Оштетување на тапацирот при давање помош на повредени лица
- Намерно предизвикување штета со цел да се спречи поголема штета
- Пад или удар на некој предмет врз возилото
- Манифестации и демонстрации
- Паѓање на воздушни летала
- Поплава, порој и восоки води
- Земјотрес
За да изработиме Каско осигурување потребна ни е новонабавната вредност на возилото и основни податоци за возилото кои ги има во сообраќајната дозвола или фактурата за возилото. Исто така, доколку е прво каско осигурување, потребни ни се податоци за договорувачот и осигуреникот.
Цената на полисата зависи од новонабавната вредност на возилото, како и од фактот дали и колкава франшиза ќе изберете во полисата.
Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој се бара надомест за осигурување, осигуреникот е должен:
- веднаш да ги преземе сите мерки кои се во негова можност за отстранување и намалување на штетата, оштетениот осигурен предмет да го обезбеди од натамошни оштетувања;
- веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена, по дознавањето на штетата, да му пријави на осигурувачот дека на осигуреното возило настанала штета со остварување на осигурен случај и колку е можно побргу, а најдоцна во рок од три дена, писмено да ја потврди пријавата;
- во сите случаи предвидени со прописите, а особено кога штетата е предизвикана од пожар, експлозија, кражба, противправно одземање, разбојништво и сообраќајна незгода, како и вандализам, како и вандализам задолжително сите штетни настани да ги пријави во органите на Министерството за внатарешни работи, освен кога штетниот настан е покриен со европски записник при мали оштетувања и мали оштетувања кога возилото било на паркинг простор;
- веднаш по настанувањето на осигурениот случај, односно кога тоа е можно на осигурувачот да му даде попис на уништените, односно оштетените ствари со приближно назначување на нивната вредност;
- до увидот на оштетувањата од страна на претставникот на осигурувачот да не ја промени положбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е нужна во јавен интерес или поради смалување, односно спречување на зголемување на штетата.
Потребни документи за пријава на штетата
- Пријава за штета / барање за надомест на штета
- Записник од МВР/службена белешка/доказ за извршено алкотестирање, европски записник доколку е направен
- Фотокопија од возачка дозвола
- Фотокопија од сообраќајна дозвола
- Трансакциска сметка / жиро сметка за правни лица
- Осигурително покритие на полисата
- Комисики записник за проценка на возилото
- Слики од оштетеното возило
- Документација за поправка на возилото-фактури
- Изјава за начинот на случување на незгодата
- Изјава дали лицето е носител на јавна функција