Полиса за Авто Одговорност (АО)

Обновете ја во Винер полисата за задолжително осигурување од автомобилска одговорност на Вашето возило која е потребна за регистрација на возилото, без оглед на тоа во која компанија била претходната полиса. Обновената полиса, ќе ја добиете на Вашата e-mail адреса во PDF формат. Сè што треба да направите е да ја испечатите и потпишете полисата. При регистрација, МВР ги признава отпечатените верзии на полисите купени онлајн.

Полиса за Патничко Осигурување

Патничко осигурување е една од најважните работи кои треба да ги имате со себе кога патувате надвор од државата. Ова осигурување Ве штити од трошоци во случај на нужна потреба од медицинска помош во странство, а овие трошоци можат да бидат енормни во зависност од земјата во која патувате и услугите кои ќе ги користите. Патничкото осигурување на Винер Ви нуди осигурително покритие од поголем број ризици и до различни осигурени суми, во однос на тоа кој пакет ќе го изберете.

TOP