Одржана Годишната конференција на Винер

by / / настани и новости

На 17-ти ноември во Скопје, во салата Сити Хол, се одржа Годишната конференција на Винер Осигурување. На конференцијата присуствуваа околу 200 вработени од над 80 филијали на компанијата.

Од страна на директорите на соодветните области беа представени тековните резултати, новитетите во поглед на процесите и бизнис моделите, како и најновите технолошки унапредувања на компанијата. Клучната информација презентирана на конференцијата беше дека во тековната 2016 година е остварена рекордна полисирана премија, која до крајот на годината ќе ја надмине бројката од 800 милиони денари, што е најдобар резултат во историјата на компанијата.

На Конференцијата беа доделени и 10 награди во исто толку категории за вработените, како поддршка и уважување на одличните резултати прикажани во изминатата година.

Во насока на подигнување на деловната култура во рамки на компанијата, беа поканети и гости предавачи кои зборуваа на актуелни теми, важни за унапредување на работното секојдневие. Петар Лазаров од МАМА`s зборуваше за напредни продавачки вештини, додека Даниел Трбогазов од МојТренер.мк оддржа предавање за здрава исхрана, правилно седење и вежби наменети за луѓе кои најголемиот дел од работнот време го поминуваат во седење.

 

  • Pin It
TOP