ИМОТ НА ПРАВНИ ЛИЦА

Осигурувањето на имотот на правни лица опфаќа неколку различни видови на осигурување на малите и средни компании, како и останатите правни лица, со кои се обезбедува целосно покритие од сите ризици со кои се соочуваат правните лица во текот на работењето. На тој начин функцинирањето на еднен правен субјект и задржувањето на солвентноста и во случај на штета на градежниот дел, опремата, машините, залихата и останатиот имот е загарантирана.

Непредвидливите настани кои често се со голем интензитет, за жал, во голем број на случаи не можат да се избегнат, но сепак можат да се избегнат обемните финансиски загуби кои се јавуваат како резултат на остварување на осигурениот случај.

ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД ги нуди следните типови осигурување за правни лица:

Ова е основното осигурување кое треба да го има секоја компанија. Го штити Вашиот имот од основните ризици, т.н. пожарни ризици:

  • пожар
  • град
  • гром
  • луња
  • излевање на вода од инсталации
  • манифестации и демонстрации
  • експлозија
  • удар од сопствено моторно возило
  • паѓање на воздушни летала. 

Дополнително, во полисата може да се вклучат ризиците:

  • поплава, порој и високи води
  • земјотрес
  • лизгање и одронување на земјиште
  • слегнување на тло
  • снежна лавина
  • истекување на течности (лекажа)
  • самозапалување на залихи
  • излевање на вжарена течна растопена маса
  • удар на непознато моторно возило во осигурен објект

Со ова осигурување можете да ги осигурате како градежниот објект на компанијата, така и машините, опремата и залихите со кои располагате.

Доколку дојде до уништување или исчезнување на стварите, се надоместува вредноста на осигурените ствари во висина на сумата на осигурување, а доколку дојде до оштетување, се надоместуваат трошоците за поправка (работна рака и материјал) на осигурените ствари. Покрај ова, се надоместуваат и трошоците направени како резултат на расчистување и рушење поврзано со осигурените ствари.

Осигурувањето машини од кршење е наменето за заштита на опремата која е клучна кај компаниите кои се бават со производство и услуги - машините. Со ова осигурување сте покриени при оштетување на машините од следниве ризици:

  • непосредно дејство на електрична енергија при појава на куса врска, пренапон и електричен лак;
  • распаѓање поради дејство на центрифугална сила;
  • недостаток на вода во парни котли и апарати со пареа, освен во случаите во кои следи експлозија;
  • мраз, притисок на мраз или снег или непосредно движење на мразот;
  • надпритисок или подпритисок (имплозија);
  • заглавување во текот на дупчење во дупки.

Со ова осигурување може да се осигураат:

  • Машини
  • Машински уреди
  • Електрични уреди и нивно полнење
  • Апарати
  • Инсталации, заедно со основата, лежиштето и темелот.

Покрај од пожарните ризици, Вашиот имот можете да го заштитите и од провална кражба и разбојништво. Предмет на ова осигурување можат да бидат опремата, машините и залихата на правното лице, или подетално:

  • подвижни ствари во згради или простории, мебел и уреди во канцеларии, угостителски претпријатија, здраствени установи, заводи, интернати, и слично;
  • пари, скапоцености, хартии од вредност, таксени и поштенски марки и други вредности, збирки и сл;
  • резерви на стока, суровини, полупроизводи, готови производи, помошен потрошен материјал и ситен инвентар во:
    - индустриски и занаетчиски претпријатија,
    - угостителство и складишта,
    - трговски дуќани;
    - пари и други вредности за време додека се пренесуваат или превезуваат;
    - музеи, изложби и јавни библиотеки.

Со осигурувањето се покрива ризикот извршување или обид за провална кражба и разбојништво, како и вандализам во текот на извршување на провалната кражба.

Со ова осигурување се штитите од материјалните трошоци кои Вашата компанија може да ги претрпи во случај на кршење и оштетување на стаклата на објектот во нејзина сопственост. Предмет на ова осигурување можат да бидат:

  • Сите видови стакла, светлосни  натписи и реклами, слики, натписи и украси изработени на осигурени стакла, мермерни плочи од вештачки камен на маси, пултови, регали и сл., порцелански мијалници, клозетски шолји, огледала на улици (за регулирање на сообраќајот), културни, историски и надгробни споменици од камен, бетон и метали.
  • Покрај светлосните реклами, осигурени се и нестаклените делови и рамови што се нивни составен дел.
  • Неонски цевки и други светлосни цевки со придружни уреди и без нив.

Колку и темелно да го планирате и строго да го контролирате, градежниот процес секогаш ќе ве изненади со аспекти кои се неподложни и на најтемелното планирање. Овие аспекти можат да бидат мошне непријатни и да имаат значаен ефект во процесот на изведба на ефектот, резултирајќи со негово оддолговлекување, како и со големи финансиски трошоци кои ќе паднат на товар на изведувачот. Затоа, тука е полисата на Винер, која ќе ви пружи сигурна заштита во најголемиот дел од непосакуваните случаеви.

Предмет на осигурувањето на објектите во градба се:

  • градежни објекти во градба, подразбирајки под тоа новоградби и реконструкции (поправки, доградби, надградби и сл.)
  • градежен, занаетчиски, инсталационен материјал и сета опрема која е наменета исклучиво за вградување во осигурениот објект во градба
  • градежна опрема и помошни објекти кои се опфатени во пресметковната вредност на објектот во градба и служат за изградба на  градежниот објект (помошни згради, бараки, дрвени или ѕидани складишта, работилници,  ресторани, подвижни скелиња и сл.), освен стварите кои претставуваат основни и обртни средства на изведувачот на работите, односно осигуреникот.

Ако посебно се договори  и ако се пресмета посебна премија, со осигурување можат да се опфатат:

  • веќе постоечките објекти на кои се врши реконструкција (поправка, доградба, надградба, адаптација и сл.)
  • делови на објектот во градба, односно поедини градежни и занаетчиски работи кои ги презел изведувачот на работите
  • помошен градежен материјал и алат во употреба
  • градежна опрема и помошните објекти кои служат за изградба на градежниот објект и кои воопшто не се или не се во целост опфатени во пресметковната вредност на објектот во градба
  • стационирани (усидрени) пловни возила, чамци, сплавови, понтони на вода и стварите на нив за време на градењето на вода или на крајбрежјето
  • стварите на работниците
  • деловно-техничка документација, вклучувајки ја  и  градежната книга (осигурување на таксирана вредност).

Осигурувачот е должен да исплати надомест во случај на штета предизвикана со уништување, оштетување или исчезнување на осигурените ствари поради следниве основни опасности:

  • пожар и удар на гром, експлозија, луња, град, манифестација и демонстрација, излевање на вода, мраз, лед и снег, снежна лавина, слегнување на тло
  • градежна незгода
  • неспретност, невнимание или лоша намера на работникот или некое друго лице.

Дополнителни опасности кои можат посебно да се договорат се:

  • поплава и порој, висока вода и подземна вода
  • лизгање на тло
  • одронување на земјиште
  • зарушување на земјиште
  • одговорност од дејност на изведувачот на градежните работи према трети лица и нивен имот
  • осигурување на  градежните работи во гарантниот рок
  • провална кражба.

ПЕРСОНАЛИЗИРАНА ПОНУДА ЗА ВАС

Со вклучена бесплатна процена на ризик!

Во формуларот кој се наоѓа на оваа страница (ЗАКАЖИ ПОСЕТА) можете да изберете термин кој најмногу Ви одговара, во кој наш менаџер-специјалист за имотно осигурување ќе ја посети вашата компанија, ќе изврши процена на ризикот и ќе изработи персонализирана понуда во која ќе бидат опфатени точните параметри кои се потребни за заштита на Вашиот имот по најфер цена.

На тој начин ќе го избегнете плаќањето за ризиците кои не му се закануваат на Вашиот имот, како и купувањето на полиса по пониска цена која нема да Ве штити од ризиците кои реално можат да причинат голема материјална штета на Вашиот имот.

Услови Угостителски објекти (PDF)Услови пожар и др. опасности T1/15 (PDF)Услови за осигурување на залиха на флотантна основаУслови за осигурување на стока во ладилнициУслови за осигурување на филмски претпријатијаУслови за прекин на работаУслови за осигурување на продавници и услужни дејностиУслови за осигурување на животниУслови за објекти во монтажаУслови за имот на руднициУслови за осигурување од опасност од пожар и некои други опасностиУслови за осигурување на објекти во градбаОпшти услови за осигурување имот од сите опасности – ААРУслови електронски сметачи, процесори и слични уредиУслови за осигурување на имотот електростопански претпријатијаУслови осигурување машини од кршењеУслови за осигурување од опасноста од прекин на работа поради пожар и некои други опасностиУслови самоодни машини кои не подлежат на регистрација
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ 01-2023Известување за измени - Осигурување на животниИзвестување за измени - Осигурување на залихи на флотантна основаИзвестување за измени - Осигурување на имотот на електростопански претпријатијаИзвестување за измени - Осигурување на стока во ладилнициИзвестување за измени - Осигурување на продавници и услужни дејностиИзвестување за измени - Осигурување на објекти во градбаИзвестување за измени - Осигурување на објекти во монтажаИзвестување за измени - Осигурување на филмски претрпијатијаИзвестување за измени - Осигурување на стакло од кршењеИзвестување за измени - Осигурување од земјотресИзвестување за измени - Осигурување од прекин на работаИзвестување за измени - Осигурување од прекин на работаИзвестување за имплементирани измени – Општи услови – имотИзвестување за измени – Осигурување на СМЕ (мали и средни претпријатија)Известување за измени – Осигурување на објекти во градбаИзвестување за измени – Осигурување од пожар и други опасностиИзвестување за измени – Осигурување имот од сите опасностиИзвестување за измени – Осигурување на угостителски објектиИзвестување за измени - Осигурување на компјутериИзвестување за имплементација на услови за осигурување - Самоодни машини 10.08.2023Известување за измени – Услови за осигурување од опасноста од прекин на работа поради пожар и некои други опасности 05.09.2023Известување за измена и дополнување - Услови за осигурување на елeктронски сметачи, процесори и слични уреди 10.08.2023Известување за измена и дополнување - Посебни услови за осигурување на имотот на електростопански претпријатија 10.08.2023Известување за измена и дополнување - Услови за осигурување од опасност од пожар и некои други опасности 10.08.2023Известување за измена и дополнување - Услови за осигурување на машини од кршење и некои други опасности 10.08.2023

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP