ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕЦА, УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ

ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД нуди осигурување од незгода за сите категории на граѓани. Меѓу оние за чија сигурност се грижиме, посебно место заземаат најмладите членови на општеството, а тоа се децата, учениците и студентите. Овој пакет на ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД нуди целосна заштита во текот на 24 часа, насекаде низ државата и ги покрива сите трошоци настанати како последица на несреќен случај (незгода) со вклучени трошоци за нарушена здравствена состојба за која е потребна лекарска помош.

Осигурувањето од незгода на деца од предучилишна возраст е наменето за групно осигурување на деца во градинки, јасли, одморалишта, на возраст до 14 години.

Со осигурувањето од незгода на ученици и студенти можат да се осигураат сите активно запишани во образовната институција преку која се врши осигурувањето, без оглед на нивната актуелна и мината здравствена состојба, нивната возраст или работната способност.

За изработка на полиса за доброволно осигурување од незгода потребно е да се достави заверен список на лицата кои ќе бидат опфатени со полисата. Во овој список потребно е да се наведат имињата и презимињата, како и матичните броеви на лицата кои се осигураат.

Цената на полисата за колективно осигрување од незгода зависи од избраниот пакет суми за осигурување. Постојат различни пакети и во секој од нив сумите на осигурување се разликуваат, со цел да може секој колектив да го избере покритието што најмногу му одговара. За подетални информации контактирајте нѐ е и добијте персонализирана понуда соодветна на потребите на Вашиот колектив.

Упатство за пријава на штета

  • Во случај на повреда од несреќен случај веднаш треба да се јавите на лекар поради преглед и констатирање на повредата;
  • Задолжително е потребно е да се придржувате кон лекарските совети;
  • Штетата можете да ја пријавите по завршување на лечењето, но не подоцна од истекот на полисата.

Потребни документи за пријава на штетата

  • Целосно потполнета и потпишана пријава за штета,
  • Потврда од институцијата со точно наведување на бројот на полиса по која е осигуреникот осигурен и пријавува штета.
  • Доколку се приложи потврда на образец на договорувачот истата се прифаќа, во спротивно ќе се користи нашиот терк за потврда кој ќе се печати после образецот пријава на штета,
  • Копија од потпишаната полиса од страна на институцијата ( договорувач на осигурувањето),
  • Копија од целосна медицинска документација од првиот до последниот ден доденка траело лекувањето. (поради постоење можност од замена на РТГ снимките на неколку осигуреници, се препорачува истите да ги носат со себе при извршување на преглед-процена од страна на лекар-цензор)
  • Дополнителна документација која може да биде во интерес на одредување точен процент на инвалиднот, како и пресметување на дополнителни трошоци за лекување и дневен надомест, доколку истите се предвидени со полисата за колективно осигурување.
  • Доколку во полисата е вклучен и осигурениот ризик за дневен надомест и доколку е користено боледување, да се достават извештаите за привремена спреченост на работа.
  • Доколку во полисата е вклучен и ризикот трошоци за лекување, задолжително е доставување на оригинални сметки за сторените трошоци.
  • Извод од матична книга на родени (за малолетни лица – ученици, деца во градинка и сл.)
  • Во случај да недостасува документација која е важна за процесот на ликвидација на оштетното поабрување, се врши нејзино докомплетирање.
  • Копија од трансакциска сметка на оштетениот или неговиот полномошник

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И:

TOP