ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Правото на приватност и заштитата на личните податоци на клиентите претставува врвен приоритет на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје.
Како членка на Групацијата Виена Иншуренс Груп, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје (Друштвото) посветува особено внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси преку имплементација на стандардите утврдени со законските и подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија и стандардите кои се утврдени во рамките на Групацијата Виена Иншуренс Груп.
Оваа Политика на приватност е подготвена како промоција на имплементираниот концепт за заштита на приватноста во ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, а со цел да се појасни начинот на кој се врши обработката на Вашите лични податоци при посетата/ регистрацијата како и on-line купување на полиси за осигурување на нашата интернет страница www.winner.mk
Оваа Политика на приватност се однесува единствено за заштитата на приватноста на личните податоци при посетата/ регистрацијата како и on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата ( во понатамошниот тект – страницата) и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини ниту на Вашата посета на другите интернет страници до кои пристапувате преку нашата страница.
Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, Друштвото е Контролор на лични податоци, а субјекти на лични податоци се сите клиенти при посета/регистрација на нашата веб-страницата на која е достапна и услугата за on line продажба на полиси за осигурување.
Собирање и обработка на Вашите личните податоци
При посетата на страницата, Друштвото ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контакт информации), само доколку доброволно со Ваша согласност ги дадете преку регистрирање на нашата страница, со цел користење на нашите услуги и производи.
Друштвото ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб сајтот со регистрацијата за on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата, преку кои се врши лична идентификација на клиентот. Категориите на лични податоци кои клиентот ќе треба да ги внесе при процесот на договарање на осигурувањето односно при процесот на добивање on line полиса за осигувување и рокот за нивно чување се детално утврдени во Услови, правила и упатство за користење): Оваа политика се однесува на начинот на кој Друштвото ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на веб сајтот при посетата/ регистрацијата како и on-line купување на полиси за осигурување на интернет страницата.
При посета на веб сајтот секој корисник пристапува со одредена ИП адреса која е различна за секој компјутер и се доделува од страна на интернет провајдерите. Друштвото не собира лични податоци за корисниците/посетителите на веб сајтот (освен ИП адресата), освен доколку испратат електронска порака во која доброволно ќе наведат свои лични податоци (име, презиме, контакт информации).
Имајќи ја во предвид основната дејност на Друштвото, користењето на страницата не е дозволено за лица помлади од 18 години.
Во одредени случаи исто така се запишуваат информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер.
„Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат во компјутерот на посетителот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да се користат само за потребите на web услугата и тоа на начин кој нема да ја загрози Вашата приватност. Политиката за „Cookies“ е достапна на winner.mk/cookies
.
Цели за кои се користат собраните лични податоци
- Да ја обезбедиме бараната услуга, односно on line купување на полиси за осигурување при што се идентификува корисникот;
- Да обезбедиме известување за промена на условите и тарифите, воведување на нов вид продукти за клиентите;
- Да се обезбеди мислење од клиентите во врска со on line продажбата, видовите на осигурување кои ги нуди Друштвото и евентуално за спроведување на анкети, преку поставени прашања до клиентите;
- Да се олеснат и проследат пребарувањата на клиентите и барањата за информации при јавување од страна на клиентите во врска со видовите на осигурување;
- Реализација на наградни игри и други промотивни понуди;
- Да се разгледа можноста за евентуални вработувања доколку клиентите се обратат или аплицираат за работа преку веб-страницата на Друштвото;
- Помош при појава на проблем при користењето на производите и услугите,
- Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на интересите на клиентите, врз основа на нивна изречна согласност
Секогаш кога ќе ја посетите нашата страница, нашиот web сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адресата на работната единица заедно со уште неколку технички податоци во врска со посетата на страницата како што е активноста на хардверот, грешки и сл.
Дополнително собраните податоци се користат за:
- Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата веб-страницата, производи, услуги;
- Да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;
- За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.
Кога се регистрирате онлајн, посебно кога е потребен пренос на строго доверливи информации, Друштвото го заштитува протокот на Вашите лични податоци преку мрежата со HTTPS протоколот за заштита на информации.
Во случај на електронско плаќање за on line полиса за осигурување, ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје нема пристап до податоците во врска со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие директно се испраќаат до платежниот процесор на банката преку сигурносна врска помеѓу клиентот и банката, која собирањето, чувањето и обработката на личните податоци на клиентите ја врши согласно законските прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија и своите интерни акти со тоа што личните податоци на клиентите не ги задржува, споделува чува или користи за други цели освен за наплата на осигурената премија. Личните податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која истите се собрани. Обработката на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша предходна согласност.
Споделување на Вашите лични податоци со други физички и правни лица, органи на државна власт или други тела
Сите вработени во ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје се обучени да обезбедат целосна заштита и тајност при ракување и обработка на Вашите лични податоци. Вашите лични податоци нема да бидат споделувани со други физички и правни лица, органи на државна власт или други тела, освен во со закон утврдени случаи. Друштвото не врши пренос на лични податоци надвор од територијата на Република Македонија.
Доверливост и безбедност
Пристапот до Вашите лични податоци во Друштвото е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги или производи.
Заштита и сигурност
ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје ги превзема сите технички и организациски мерки за обезбедување на највисоко ниво на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спечување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на истите.
Сигурносните процедури на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје се предмет на редовни контроли.
Промена на Политиката за приватност
ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје го задржува правото да врши измени и дополнувања на оваа Политика за приватност, за кои измени и дополнувања ќе биде поставено извесување на нашиот сајт https://winner.mk
Прифаќање на условите
Со користењето на интернет страницата на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје Вие како корисници се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет страницата. Континуираното користење на интернет страницата од Ваша страна следејќи ги измените и дополнувањата на оваа Политика за приватност се смета за Ваше прифаќање на истите.
Вашите права
Како корисник на нашата интернет страница, имате право врз основа на писмено барање упатено на надреса Бул.Борис Трајковски број 62, Скопје или барање преку електронската адреса: winner@winner.mк
- да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на нивната обработка и/или
- да пристапите до Вашите лични податоци и
- да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка
- да ги промените Вашите преференци за вршење на директен маркетинг во кое било време преку пристап до веб страницата на Друштвото преку опцијата opt-in/opt-out.
Контакт
Доколку имате прашања или предлози од областа на заштитата на личните подаотци, можете да не контактирате на следната електронска адреса: winner@winner.mk или да контактитрате со Офицерот за заштита на личните податоци на Друштвото на: + 389 (0)2 32 31 631 лок.153.
Електронската адреса од која ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и целата содржина на Вашите барања или предлози, нема да бидат користени за ниту една друга цел освен за одговориме на Вашето барање, прашање односно предлог упатен до нас.
Почитувани кленти Ви благодариме за посетата на нашата интернет страница.